Повик за волонтер(к)и
Дали си млад/а, креативен/креативна и полн/a со идеи? Тогаш овој повик е идеален за тебе! 🌟
Придружи се на Платформата за одржлив развој „Лице в лице“ и стани дел од тимот волонтери што ќе создаваат креативни и одговорни содржини (текстови, рилови, фотографии, илустрации), ќе организира локални настани за ангажирање на заедницата која ја движи позитивната промена во нашето општество! ✨
Кој може да се приклучи?
Млади луѓе од 18 до 29 годишна возраст, кои:
– активно се интересираат за темата „каде оди светот“ и те копка што може една мала група на луѓе да промени
– ги засегаат темите одржлив развој, (социјално) претприемаштво, волонтерство, грижа за луѓето и за заедницата
– сакаат да се запознаат со нови луѓе, да се развиваат и да придонесат за заедницата! 🌍
Те најдовме?
Еве што правиш?
– Ќе креираш и споделуваш интересни и инспиративни содржини (текстови, фотографии, рилови кои ќе бидат во твое авторство)
– Ќе организираш мали настани кои ќе ги поддржат продавачите на „Лице в лице“ во продажбата на единственото улично списание за одржлив развој во нашата земја
– Ќе бидеш во координација со позитивни, мотивирани и активни луѓе кои ја движат промената во нашето општество!
Овде внеси ги твоите одговори.
Ги очекуваме најдоцна до 7-ми февруари 2025.
Очекувај нè во твојот инбокс наскоро. ✨