Прашалник за граѓани: Сте се соочиле со онлајн измама или злоупотреба?

Сте се соочиле со онлајн измама или злоупотреба? Тогаш овој прашалник е за тебе!
Со дигиталната трансформација се отворија бројни можности за комуникација, учење и развој. Но, истовремено, секојдневното користење на интернетот носи и ризици – од кражба на лични податоци и финансиски измами, до говор на омраза и различни форми на онлајн насилство. Во Северна Македонија, податоците покажуваат загрижувачки тренд на пораст на сајбер напади и прекршување на дигиталните права, што особено ги погодува ранливите групи, но и секој поединец.
Со цел да разбереме подобро како овие проблеми влијаат на граѓаните и каква поддршка им е потребна, Ве покануваме да одговорите на следниов прашалник. Вашето искуство и мислење се вредни и ќе помогнат во креирање на препораки за поефикасна заштита во дигиталниот свет.
Фотографија: Ирина Крстевска
Aктивноста се одржува во рамки на проектот „Reporting Digital Rights and Freedoms“ кој се спроведува со финансиска поддршка на Европската унија. Изнесената содржина е одговорност на „Паблик“ и на „Лице в лице“ и не мора да ги одразува ставовите на ЕУ.