Актуелно, Доза вести

Премиера на „Народен пратеник“ во режија на Егон Савин за 80-годишнината на МНТ

Време на читање: < 1 минута

Во рамките на прославата на 80-годишнината на Македонскиот народен театар (МНТ), на 25 јануари со почеток во 20 часот, ќе се одржи премиерната изведба на претставата „Народен пратеник“ од познатиот српски автор Бранислав Нушиќ.
Адаптацијата и режијата се дело на истакнатиот режисер Егон Савин, кој се враќа на сцената на МНТ по подолг период. Ова е негова трета претстава во МНТ, по „Злосторство и казна“ (1994) и „Лаж и паралаж“ (1996).

Претставата ја носи врвна актерска екипа, која ја сочинуваат: Александар Микиќ, Дарја Ризова, Тони Михајловски, Јордан Симонов, Тања Кочовска.

Бранислав Нушиќ е еден од најпоставуваните автори на сцената на МНТ, а „Народен пратеник“ е трета постановка на оваа драма. Првата изведба е одржана на 8 мај 1945 година, во режија на Тодор Николовски, како втора драма поставена на сцената на МНТ. Вториот пат, претставата е изведена на 24 април 1993 година, во режија на Димитрие Османли, со вкупно 188 изведби до 2008 година.

Покрај режисерот Савин, претставата ја создава и тим од докажани уметници:

Сценографија: Весна Поповиќ
Костимографија: Роза Трајческа-Ристовска
Превод на текстот: Загорка Поп-Антоска Андовска
Дијалектна адаптација: Томислав Османли
Асистент на режисерот: Шенај Мандак
Избор на музика: Егон Савин

Напишете коментар