Од Брајчино до Дупени: „Meet Prespa“ со поезија, музика и улична храна

Осмото издание на фестивалот „Meet Prespa“ ќе се одржи од 11-ти до 13-ти јули, носејќи три дена исполнети со поезија, музика, улична храна и природа. Настанот, кој прерасна во едно од најочекуваните културни случувања во Преспа, ќе ги обедини љубителите на уметноста и природната убавина.
Фестивалот започнува овој петок, 11-ти јули, со поетска вечер во селото Брајчино. Од 20 часот публиката ќе има можност да ужива во поетската изведба „Волкот на љубовта: Поетски катисма“ на Тихомир Јанчовски и Бранислав Николов од групата „Фолтин“. Настанот ќе продолжи со диџеј сет на Виолета Качакова, со музика инспирирана од Мирко Попов и најдоброто од македонските стари хитови под отворено небо. Влезот е бесплатен.
Во сабота, 12-ти јули, фестивалот се сели во Ресен, каде од 19 до 22 часот ќе се одржи Фестивал на улична храна на старата чаршија, нудејќи дегустација на локални специјалитети. Потоа следи промоција на книгата „Монахот Калист“ од српскиот автор Миливој М. Јовановиќ во Културниот центар „Драги Тозија“. Вечерта кулминира на плажата Дупени со Музичка трилатерала, диџеј сетови од Македонија, Албанија и Грција, симболично претставувајќи регионална културна поврзаност и заеднички ритам.
Фестивалот ќе заврши во недела, 13-ти јули, со Брајчински пикник покрај реката. Целодневното дружење ќе биде посветено на одмор, природна хармонија и заедничко поврзување во духот на фестивалот. Музика во живо, храна на трева и звуци од природата ќе понудат идеален крај на тридневната преспанска приказна.
Креатива: @meet_prespa_official
- „Мама Круг“ – заедницата што го адресира менталниот товар кај мајките и ја менува културата на поддршка во Македонија
- Палачинки и пријателство: млад претприемач открива зошто луѓето сакаат да работат кај него
- Приказни од домот на баба и дедо, каде времето застанува, а спомените живеат
- Шведски и руски филм најдобри на „Џифони Македонија“
- Живот на државна помош: раскажете ја вашата приказна и дајте глас на промена