Доза вести

Седмо издание на „Сонот на облачето“

Ин­тер­на­ци­о­нал­ни­от дет­ски фе­сти­вал на те­а­тар на сен­ки, кој ва­жи ка­ко единс­твен фе­сти­вал од овој тип во по­ши­ро­ки­от ре­ги­он, „Со­нот на об­ла­че­то“, го­ди­на­ва ќе го до­жи­вее сво­е­то сед­мо из­да­ние и ќе се одржи од 25 до 27 но­ем­ври на сце­на­та „Фро­си­на“ во про­сто­ри­и­те на Мла­дин­ски­от кул­ту­рен цен­тар во Скоп­је.

Фестивалот е на­стан што ус­пеш­но при­до­не­су­ва кон ин­тер­на­ци­о­нал­на и ло­кал­на афир­ма­ци­ја на те­а­та­рот на сен­ки, а во­ед­но е и ед­на од ре­тки­те ма­ни­фе­ста­ции кај нас што во кон­ти­ну­и­тет при­ка­жу­ва прет­ста­ви од стран­ска про­дук­ци­ја пред дет­ска­та пуб­ли­ка.

– Низ приз­ма­та на се­дум го­ди­ни сла­тки ма­ки во ор­га­ни­за­ци­ја на фе­сти­вал што про­мо­ви­ра уни­кат­на умет­ност ка­ко што е те­а­та­рот на сен­ки, мо­же да се по­фа­ли­ме со че­лич­ни нер­ви, но и со ис­пол­не­ти со­ни­шта. Се­лек­ци­ја на ква­ли­тет­ни учес­ни­ци што вле­гу­ва­ат во рам­ки­те на на­ши­от скро­мен бу­џет е ка­ко да нај­деш иг­ла во се­но. Но точ­но та­му „ле­жи за­ја­кот“, ну­ди­ме не­стан­дард­на про­гра­ма и ло­кал­но со­ра­бо­ту­ва­ме со нај­раз­лич­ни ен­ти­те­ти и ин­ди­ви­ду­ал­ни умет­ни­ци, а, пак, фе­сти­ва­лот сè уште си трае „са­мо“ три де­на – ве­лат кре­а­тив­ци­те од „Сен­ки и об­ла­ци“, кои се ор­га­ни­за­то­ри на фе­сти­ва­лот.

Првиот фестивалски ден ја носи претставата „Светлосни години“ од шпанскиот театар „Луз микро и пунто“, која ќе се одржи во понеделник, 25-ти ноември во 19.30 часот.

„Две марионетки од полиците со книги се будат со човечки способности. Со светлината и музиката ќе ги оживеат предметите и ќе ја раскажат приказната за врската помеѓу дрвена кукла и сино јајце“, пишува во најавата за оваа претстава.

Вториот ден ја носи проекцијата и презентација на стоп анимација со сенки, насловена „Црната школа“ на Фабијан Штроебер од Германија. Проекцијата е закажана за 18 часот, и ќе биде во Џебното кино во МКЦ.

Истиот ден ќе се претстават гостите од Бразил со „Циркус анимус“, која ќе биде изведена од 19.30 часот. Последниот фестивалски ден, 27-ми ноември ја носи работилницата „Во движење“, која ќе ја водат гостите од Бразил, заедно со Бразилскиот културен центар. Оваа работилница ќе биде од 18 до 19 часот на горното фоаје на „Фросина“.

Од 19.30 часот ќе биде изведена „Алиса и чудата“ на домаќините, театарот „Сенки  и облаци“.

За времетрањето на целиот фестивал ќе биде поставена и инсталацијата „Облаче за секое дете“, продажна изложба на светлосни објекти за кои инспирација се небото, облаците и детската слобода. Креирани се од реупотребени материјали во рамките на организацијата ХОПС, а средствата кои ќе се соберат од продажбата на делата се наменти за децата со кои соработува ХОПС.

Исто така, на долното фоаје на „Фросина“ ќе биде поставена и изложбата на традиционални кинески кукли за театар на сенки, изложени во умешно изработена сценографија од страна на дечињата кои ја посетија работилницата за вешто сечење хартија под водство на Институт „Конфуциј“ и „Сенки и облаци“.
Цената на билетите е 150 денари.

Напишете коментар