Доза вести

НЛБ галерија ги отвора вратите за младите фотографи од CREATIVE HUB

Утревечер, (вторник 26.11), со почеток од 19 часот, ќе се одржи изложба на црно бели фотографии во НЛБ Галерија на студентите од Академијата за графички дизајн и адвертајзинг на Creative Hub.

Ова е прва соработка на центарот за неформално образование кој оваа година се најде на листата на Форбес.
НЛБ Банка го поддржува настанот со отстапување на просторот во НЛБ Галеријата за да се реализира целата идеја.

– За нашите студенти навистина претставува престиж да ги изложат своите фотографии во НЛБ Галерија. Благодарни сме што ја препознаа и поддржа нашата креативна идеја и им се даде шанса на младите да ги претстават своите фотографии, вели Бојан Коскаров од Creative Hub.

На изложбата кој ќе се одржи во просторот НЛБ Галерија, (на НЛБ Банка), свои фотографии ќе претстават Сара Цветковска, Драган Николовски, Александра Јаневска, Александра Арсовска, Иван Костевски, Марија Попова, Матеј Мојсовски, Софија Друмчекова, Кристијан Малиновски и Ивана Дракулевска.
Настанот е отворен за јавноста, а посетителите ќе имаат ексклузивна можност да ја проследат изложбата единствено утре, на 26 ноември.

Напишете коментар