Што ти недостасува во животот и работата на село? Сподели ги твоите искуства!
Руралните средини, иако се привлечни места за живеење и работа, сè почесто се соочуваат со економско опаѓање, иселување и маргинализација. Овие места, во светски рамки, не се доминантно врзани со земјоделството и нивниот состав многу често наликува на економиите во урбаните средини.
Македонските села, пак, со години, се среќаваат со бројни предизвици, чие решавање би можело да ги заинтригира луѓето.
Овој прашалник е наменет, првенствено за вас, кои живеете во рурална област, но, и за за оние кои сте на чекор до преселување во некое од селата и оваа тема ви е многу примамлива.
Би сакале да слушнеме повеќе за вашите искуства, планови и очекувања од животот во село, и како можеме да го подобриме квалитетот на животот во овие заедници.
Вашите одговори ќе ни помогнат да ги разбереме клучните фактори кои ги привлекуваат луѓето во руралните области и да ги идентификуваме предизвиците што треба да се решаваат, особено за помладата популација.
Прашалникот е анонимен, одговорите се безбедни и шифрирани, без лични податоци (освен ако вие сакате да ни оставите контакт телефон и мејл).
Собраните информации ќе ги употребиме за да креираме содржини и иницијативи кои ги подобруваат можностите во руралните региони, правејќи ги попривлечни и одржливи за сегашните и за идните жители. Подготвените содржини ќе бидат достапни на каналите на Платформата за одржлив развој „Лице в лице“.
Можете да нè контактирате на [email protected], или на социјалните мрежи https://www.instagram.com/licevlice/
https://www.facebook.com/LiceVLice
Благодарност за одлуката да учествувате со вашите одговори и искуства!
Клик до прашалникот 🙂
Фотографија: Евгениј Хоуп за „Лице в лице“