Актуелно, Доза вести

Специјална награда за колективна актерска игра за „Народен пратеник“ на МНТ на 70-то Стериино позорје во Нови Сад

Време на читање: < 1 минута

Жири комисијата на 70-то Стериино позорје во Нови Сад, во чиј состав се: Вања Ејдус, актер и претседател, Дражен Ференчина, режисер, Федор Шили, драмски писател, Петар Грујичиќ, театролог, и Ѓорѓе Косиќ, драмски писател – на завршната седница, одржана доцна синоќа, донесе одлука специјалната Стериина награда за колективна актерска игра да ја додели на ансамблот на претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин, во продукција на Македонски народен театар, Скопје.

Како што соопшти МНТ, одлуката е донесена едногласно.

„Концептот во кој поединецот на сцената има смисла само во група која комуницира преку заедничка душа и каде сите се поврзани меѓусебно, кој е јасно видлив во оваа претстава, покажа и докажа каде е местото на МНТ во театарот на овие простори и по подолго време го врати МНТ меѓу наградените на овој реномиран театарски фестивал“, се вели во соопштението на НУ Македонски народен театар.

Напишете коментар