Таа, тој, ти, јас – лицата на Лице в лице
СЕКОЈ ОД НАС МОЖЕ ДА НАПРАВИ ПРОМЕНА И ДА ПРИДОНЕСЕ КОН ПОЕДНАКВО ОПШТЕСТВО.
Пандемијата нè (на)учи дека само заеднички можеме да ги издржиме нејзините удари но и дека истрајноста, отпорноста и адаптибилноста се важен елемент од човековата природа. Човековата еволуција зависела од тоа. (кхм, Дарвин, фала ти!)
Резилиентност = отпорност, да, но, и грижа, меѓусебна поддршка, мотивирање и поттик.
Еве како го правиме тоа преку „Лице в лице“.
„Лице в лице“ не е САМО списание. Тоа што стои зад него е движење, цела една заедница – ти, кој си го купил, другарка ти што го позајми и учи од него, социјалниот работник и наставникот што се инспирирале, земјоделецот што ни открива нова перспектива, визионерите што преку своите текстови во списанието и на платформата нудат решенија како да изградиме подобро општество, ред поддржувачи, активисти, одговорни граѓани.
„Лице в лице“ си и ти, кој предизвика насмевка на лицето на продавачот со успешната продажба, и социјалниот работник и менторот, кои и во време на пандемија ја бодрат Рамајана за да ја надмине оваа криза зашто сè помалку ве наоѓа вас низ Дебар маало во ова чудно време.
„Лице в лице“ се и социјалните менторки, тимовите на партнерски организации што ја координираат работата на продавачите во шест градови, ги испраќаат на безбедни места, ја планираат продажбата, и психолозите што им овозможуваат на продавачите појасно да видат, да пребродат…
Затоа, читај, купувај Лице в лице и сподели со нас мотивирачка приказна за твоите лица, за твојата отпорност и заедништво во пандемијава.
Фотографии: Томислав Георгиев