Тишина, лични универзуми и различни вистини
Фотографија 1: Седум часот, приквечерина, свежо косена трева, намокрена ситна земја и мирис на мир. Време за вечера. Сто различни куќи, исто толку различни приказни, исчекување на еден момент. Како што се населува вечерта, светот надвор станува потивок, а кујната станува срцето на домот.
На зајдисонце сè изгледа поубаво! Очите ми одмараат, па дури приборот на ѕидот што виси на дофат, ми изгледа романтично. Неми сведоци на безброј оброци. Создатели на заедницата, причинители на убавината. Се потпираат на нивните рачки измазнети од употреба, светнати на нивните рабови, заоблени и омекнати од времето. Нешто како луѓето.
Фотографија 2: Овде, под мекиот, треперлив сјај на една свеќа, се подготвува скромен оброк. Пареата што се издига од тестенините танцува на топлото светло, носејќи го со себе утешниот мирис на домашно зготвена храна, која од брзиот начин на живот ретко се служи во домот. Во чинии полни со љубов, која, како да ја нема како зачин. Во полусветла просторија, која потсетува на интимност, која е сè поретка поради желбата сè да се каже пред да се знае.
Фотографија 3: Ми остана само да гледам, и да се потсетувам. Колку е добро да се јаде макарони во сос од домашни домати. Такви домати веќе нема во домашната градина, затоа што полесно ми е да отидам и да ги купам.
Сепак, фотографиите ми имаат посебен шмек. Не само што ги гледам, можам да ги помирисам и почувствувам. Најпосле, само тоа ми остана. За време на милиот интимен амбиент, светот надвор избледува. Барем така си мислев дека ништо надвор не постои кога јас сум дома.
Фотографија 4: Нели постои?