Тишина, солидарност и заедништво

Илјадници студенти денес се собраа на платото и во внатрешните простории на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде одржаа заеднички час во чест на 59-те жртви од трагедијата во Кочани.
Со седумминутен молк, студентите, заедно со присутните професори, како и со средношколци, кои им се приклучија, достоинствено оддадоа почит на загинатите.
Оваа собирна тишина не беше само израз на тага, туку и моќен симбол на солидарност и заедништво. Студентите покажаа дека, и покрај болката, младешката енергија и одлучност можат да бидат гласни, дури и во молк.
Веруваме дека овој молк ќе изгради силен крик кој ќе се спротистави на досегашното однесување!
*фотографиите и видеата ни ги испратија млади средношколци и студенти кои присустуваа на овој собир