Доза вести, Лице в лице

Томислав Георгиев победи на глобален фото конкурс

Нашиот фотограф Томислав Георгиев доби награда за најдобра фотографија, на конкурс кој беше со тема „Water=Life“.

Најважниот извор за нашето постоење на оваа планета, ние го третираме како неограничено обновлив. Во сета наша човечка немарност кон водата, сепак има и микро обиди за, барем на извесен начин, таа да остане чиста. Човекот на мојата фотографија, ги сече водните растенија изникнати во реката Дрим, за да го овозможи непреченото течење на водата и за да го сопре напластувањето на отпад во коритото на реката, изјави Георгиев.

Конкурсот го распиша Министерството за надворешни работи на Холандија, а конкуренцијата била од цел свет:

Не беше лесно да одбереме победник, но по внимателно разгледување, ја одбравме фотографијата која нè инспирираше најмногу – вели Натали Олијслагер, програмска директорка на UN Water conference за Холандија и претседателка на жирито за натпреварот „Water = Life.

Во видеото во кое таа ја споделува одлуката за наградата, појаснува дека фактот што толку многу фотографи испратиле дела за овој натпревар, можеби не е коинциденција:

Водата е живот, навистина! Пристапот до чиста и безбедна вода е од суштинско значење за сите. За да допреме до предизвиците како подигнување на нивоата на морињата, сушата и екстремните временски услови, мора да преземеме акција. Една од причините зошто ние како жири ја одбравме оваа фотографија, е дека доловува визуелен феномен кој ја поттикнува нашата имагинација и ја покажува хармонијата помеѓу човекот и околината.

    

Напишете коментар