Транспарентноста на политичките партии под лупа: Форум на граѓански организации во Скопје
Анализа на политичките партии во Македонија покажува дека транспарентноста останува повеќе формална отколку суштинска, откриваат наодите од истражувањето на Асоцијацијата за демократска иницијатива (АДИ). За да ги презентира клучните резултати и препораки од анализата, АДИ организира Форум на граѓански организации, кој ќе се одржи на денеска, во хотел „Солун“ во Скопје, со почеток во 11 часот.
Од таму посочуваат дека, и покрај релативно развиената законска рамка, финансирањето и отчетноста во пракса не овозможуваат вистинска јавна контрола.
Наодите покажуваат дека граѓаните и организациите кои ја следат работата на партиите се соочуваат со ограничена достапност на информации и слаб граѓански надзор, што сериозно го поткопува јавниот интерес и довербата во политичкиот систем – велат од АДИ.
На Форумот, покрај претставувањето на клучните слабости во партиската транспарентност, ќе бидат понудени и конкретни препораки за јавни политики со цел зголемување на отчетноста и јавната доверба.
Прочитај го интервјуто со професор Марковиќ.
Професор Ненад Марковиќ: Државата не може да ја реши корупцијата додека самата ја генерира
Oдговори на прашалник на овој линк.
Корупцијата не е бројка – тоа е човечка цена: повик за анонимни сведоштва и искуства
Нова платформа „Integrity Watch“ ја отвора транспарентноста на јавните пари во Македонија

- Македонските зелени иновации во подем: трутово млеко, тестенини од печурки и 3Д печатење од отпад – идеи што можат да ја променат економијата
- Не го добиваш тоа што го заслужуваш, го добиваш тоа што ќе го испреговараш
- Заштитено: Иштван Фаркаш, продавач на „Лицеулице“ во Нови Сад: „Солидарноста не е милостина“
- Луѓе кои ја движат промената: инспиративни пристапни приказни за трансформација и зајакнување
- Отворен повик за млади фотографи: „Сликите на вкусот“ ги обединува креативците од Балканот