Вечерва Ability Awards 2024 – свеченост што ја слави инклузивноста!

Вечерва, со почеток во 19 часот, во свечена атмосфера ќе се одржи доделувањето на Ability Awards, настан кој ја истакнува важноста на инклузивноста, иновациите и позитивното влијание во нашето општество. Преку различни категории, како што се култура и уметност, спортски достигнувања, иновации за пристапност, медиуми без предрасуди, инклузивни работни места и лидерство во различностите, се наградуваат поединци, организации и иницијативи што значително придонесуваат за подобро и поправедно општество.
Покрај доделувањето на наградите, настанот ќе биде збогатен со инклузивни музички изведби, вклучувајќи настапи на пијано, теремин и хорот „Бели раце“, со што ќе се истакне убавината на различностите.
Организаторите најавуваат вечер исполнета со инспиративни моменти и признанија за посветеноста кон создавање можности за сите.
Настанот ќе се одржи во хотел „Хилтон“, во Скопје.