Вложувам голем труд за да имам поубав живот
Млада и амбициозна девојка која е свесна дека треба да се учи и да се вложува труд за да успееш во животот.
Ајтен доаѓа од Дневниот центар за деца на улица, партнерска органзизација од Мрежата на „Лице в лице“, од каде регрутираме најголем дел од младите продавачи во Скопје.
Ангажманот со продажба на „Лице в лице“ е нејзино прво вакво искуство. Таа за прв пат и го виде Дебар Маало кога излезе да го запознае теренот за продажба.
Од парите кои ги заработи на почетните продажби, ни сподели дека си купила за себе тренерки, и е горда што редовно учествува со свој придонес и во семејниот буџет.
Погледнете го видеото со неа.