Aлмир Мустафа е 25-годишен продавач на „Лице в лице“, кој доаѓа од Дневниот центар за деца на улица од Шуто Оризари.
Овој период, тој е особено активен и е многу вреден, па многу често, неговите поддржувачи го наоѓаат на терен низ скопските улици.
Алмир е татко на три деца, а заработувачката од продажбата ја насочува кон неговото петчлено семејство. Свесен е за своите добри страни и истакнува дека е многу дружељубив, комуникативен и ненаметлив.
– Кога си продавач на улично списание, многу е важно да не се наметнуваш на луѓето, за да не им здодееш. Ако купуваат – супер, ако не, ќе се насмевнам само и ќе се оддалечам. Културно – вели Алмир.
Тој дополнува и дека маана му е што многу им верува на луѓето.
Доколку го пресретнете, можете и вие да го поддржите со купување на примерок на списание или новогодишни честитки и со тоа да ги поддржите неговите заложби за работна интеграција.
Оваа веб -страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачиња се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога се враќате на нашата веб -страница и помагање на нашиот тим да разбере кои делови од веб -страницата ги сметате за најинтересни и корисни.