Доза вести, Час по родови прашања

Социјалното менторство ми донесе нов свет, поинаков од тој каде претходно чекорев

Време на читање: 5 минути
- банер -

Со доделување сертификати на социјални менторки за успешно завршување и имплементирање на адаптираната програма за социјално менторство за жени кои преживале насилство, вчера, во Центарот за социјални претпријатија беа споделени резултатите од програмата која што се спроведуваше во рамки на проектот „Можности за економска реинтеграција преку социјално менторство за жени жртви на насилство“, од страна на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, како дел од Регионалната програма на Европската унија и UN Women „Спречување на насилството врз жените и девојките во западен Балкан и Турција: Имплементирање на норми – промена на ставови“, која е финансирана од Европската унија.

На вчерашната средба четири социјални менторки се стекнаа со сертификати/признанија за нивната едногодишна работа со 15 жени кои преживеале насилство, а кои беа економски зајакнати со фасцилитиран влез на пазарот на трудот.

Ниту една од нив, по поминувањето низ процесот на програмата социјално менторство, чија цел е работна интеграција, но, и зајакнување на сликата за себе и за своите потенцијали – не се врати кај сторителот на насилството.

Холистичкиот пристап е една од причините на која се должи успехот на програмата за социјално менторство, вели извршната директорка на „Паблик“ и една од креаторите на методологијата и програмата за социјално менторство, Климентина Илијевски.

- банер -

Ментори кои што континтинуирано се надградуваат и усовршуваат, тим за поддршка и супервизиски сесии во однос на психолошка поддршка на социјалните менторки, нивната комуникација со бизнисите и во однос на процесот на поддршка во креирањето на индивидуалните планови, но и континуирана сензитизација на институциите кои што ни се важна алка при процесот на социјално менторирање и подготовка на бизнисите да создаваат услови за инклузивни работни места кои што ќе ги адаптираат на потребите на работникот. Сѐ ова се фактори за усех – вели Илијевски.

За Весна Ивановиќ-Кастаред, раководителка на канцеларијата на UN Women во земјава, економското зајакнување на жените жртви кои преживеале насилство е клучен момент за излез од кругот на семејното насилство.

Формите на економско насилство се најразлични. Тоа отвора простор и за други типови злоупотреба на жените. Голема е веројатноста економски ранливите жени да останат во ранлива врска, бидејќи кога нема финансиска независност опциите за напуштање на насилната средина се многу малку. Често самите жените не го препознаваат економското насилство, и заради одредени традиции и норми наметнати во патријархално општесетво, а средината не ги поддржува да излезат од тој круг. Затоа UN Women, во партнерство со „Паблик“, имплементираше програма со чија помош се обезбедува сеопфатен индивидуален пристап клучен во процесот на социјална реинтеграција на жените. Тие треба да е информирани за своите права, ама и да им се помогне кога е потребно. Жените се силни, но, со поддршка, тие се незапирливи – нагласи Ивановиќ Кастаред.



Програмата на социјално менторство носи промени и кај менторираните лица, ама ги расте и менува и социјалните ментори низ нивната работа.

„Ова за мене е нов свет, многу поинаков од тој во кој претходно чекорев“.
„Од моментов кога се видовме прв пат, пораснав 20 сантиметри“.
„Сега знам дека живеам“.
„Да не беше социјалното менторство, ќе западнев во уште поголем лавиринт од проблеми“.

Ова се само дел од изјавите на менторираните лица кои минуваа низ програмата на социјалното менторство кое им овозможи економско зајакнување и личен развој и успех.
Овие споделени видувања се најголемата награда за работата, велат социјалните менторки.

Во продолжение дел од нивните изјави:

Магдалена Кузманоска Чадиноски: Горда сум на програмата, и на резултатите. Тоа го носат менторираните лица со своите изјави за промените во животот што им се случуваат, а значат зајакнување, дејствување, охрабреност за чекорење кон живот со поинаков квалитет. Ваквите ставови на жените, за нас, социјалните менторки, се вистинската награда и признание. Тоа е најважниот сертификат за нас, зошто тука се гледа индикаторот на промената што сме ја направиле. Тоа е и целта на програмата.

Сандра Крстевска Саревска: Нивните ставови се огромен мотив да продолжиме напред. Ни покажуваат дека сме на правилното место на делување. Овие жени, преку социјалното менторство имаат можност повторно вистински да живеат, како пеперутки, да ги рашират своите крилја.

Драгана Лазаревска: Преку целата година бевме стожер на којшто може да се потпрат, и тоа е успехот на целиот процес и проект. Да не бевме тука, како социјални менторки, предизвиците што ги имаат овие жение може да се многу покомплексни, економски, правни и социјални. Затоа, горда сум на целиот процес, и сме на добар пат да ја одалечиме оваа група од маргините на кои претохдно била.

Ирена СтојчевскаЗа мене нема поголемо признание од она кое доаѓа од жените со кои и за кои работиме. Да се отворат видиците на овие жени, да ги видат потенцијалите, афинитетите кои ги имаат, придружени со мотивација и желба за успех, за мене е најважниот успех. Социјалното менторство е реална потреба што треба да им се обезбеди на многу ранливи категории.

На официјалниот дел од настанот, на кој присуствуваа бројни гости од различни организации и институции, му претходеше и работен дел, дискусија за иднината на социјалното менторство и неговата улога во менувањето животи на жените кои биле жртви на родово базирано насилство.

Целото случување беше организирано воо рамки на кампањата на Платформата за одржлив развој „Лице в лице“, која цели кон унапредување на родовата рамноправност, преку содржини кои ги објавува на веб сајтот и на социјалните мрежи. Кампањата отпочна со почетокот на меѓународната кампања „16 Дена активизам против родово базирано насилство“ која се одржуваше од 25-ти ноември до 10-ти декември, а ќе се заокружи со 42. издание на уличното списание за одржлив развој „Лице в лице“, кое ќе излезе на крајот на јануари 2023 година.
Содржините на оваа кампања е во рамки на проектот „Можности за економска реинтеграција преку социјално менторство за жени жрви на насилство“, што го спроведува  „Паблик“, во партнерство со Un Women Скопје, преку Регионалната програма на Европската унија и UN Women  „Спречување насилството врз жените и девојките во западен Балкан и Турција: Имплементирање на норми – промена на ставови“, која е финансирана од Европската унија.

Фотографии: Александар Ристовски

Повеќе фотографии – на линкот

Напишете коментар