ЗЕНици

Запознајте го најновиот продавач на #Лицевлице, Горјан!

Исполнет со возбуда, во придружба на својата социјална менторка Ирена Стојчевска, тргна на терен на својот прв работен ден. Тука бевме и ние, тимот на #ЛицевлицеЗЕНици, за да го документираме целото искуство, понудувајќи му и морална поддршка.

За да се успее во нешто, треба да се направат повеќе обиди. Така, после неколку неуспешни продажби, Горјан го продаде своето прво списание и неговите очи блеснаа. Од тука, со полна самодоверба, тој гордо продолжи да им се претставува на битолчанки и битолчани и успешно да го продава нашето списание. 
Веруваме дека Горјан ќе стане човек од доверба за сите оние кои сакаат да го имаат ова списание во нивните раце.

Ангажманот на Горјан го координира организацијата „МКЦ Битола“ , па доколку сте од градот на конзулите, ве поттикнуваме да го купите најновото издание на „Лице в лице“ токму од Горјан!

Погледнете го видеото кое го направија волонтерките на „Лице в лице“: Aнгела Тошева и Елена Дурловска

Напишете коментар