Запознајте ја Ајтен, продавачка на #Лицевлице
Ова е Ајтен, наша продавачка. Продавајќи го списанието, Ајтен за прв пат во својот живот дошла во Дебар Маало и на плоштадот во Скопје.
Запознала луѓе надвор од нејзиното маало во Шуто Оризари. На почетокот се плашела од нив, но сега веќе ги доживува како пријатели.
Ако ја сретнете, купете примерок од неа.
Во видето слушнете што кажува таа.
Ајтен е дел од тимот продавачи кои доаѓаат од Центарот за заштита на правата на детето , кој раководи со Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари. Од неодамна, Ајтен е дел од „Лице в лице“ и со неа работиме на зајакнување на нејзините вештини и градење работни навики.