Магазин

Земјоделки и везени пиперки за економско и социјално засилување

Време на читање: 3 минути
- банер -

На­ни­жа­на­та су­ше­на пи­пер­ка е автен­ти­чен про­из­вод, ка­ра­кте­ри­сти­чен за куј­на­та од овие про­сто­ри. „Ви­но­жи­то“ е со­ци­јал­но прет­при­ја­тие што уви­де­ло де­ка на па­за­рот ре­чи­си не­ма ва­ков про­из­вод, па ги на­со­чи­ло ка­па­ци­те­ти­те да ан­га­жи­ра же­ни што се ве­шти во оваа ра­бо­та со што се овоз­мо­жу­ва нив­но еко­ном­ско и со­ци­јал­но за­си­лу­ва­ње

Же­ни, чи­ја­што про­сеч­на во­зраст е 73 го­ди­ни, кои це­ли­от жи­вот се за­ни­ма­ва­ле со зем­јо­делс­тво, не­ма­ат ни­ту еден ден ра­бо­тен стаж, ни­ту, пак, си­гур­ност во пен­зи­о­нер­ски­те де­но­ви. Не­ма­ат имот на свое име и за­ви­сат од тоа што ќе им го обез­бе­ди се­мејс­тво­то. Со­ци­јал­но­то прет­при­ја­тие „Ви­но­жи­то“ го ре­ша­ва ток­му овој пре­диз­вик – еко­ном­ско (но и со­ци­јал­но) за­си­лу­ва­ње на овие же­ни, со тоа што ги ан­га­жи­ра за пре­ра­бо­тка и за де­хи­дра­ци­ја на зем­јо­дел­ски про­из­во­ди со ак­цент на ни­же­на пи­пер­ка, ко­ја се ни­же на стар на­чин.
Ве­зе­на­та пи­пер­ка е дел од ор­на­мен­ти­ка­та на фа­са­ди­те по ма­ке­дон­ски­те се­ла, а „Ви­но­жи­то“, ан­га­жи­рај­ќи ги ве­шти­те зем­јо­дел­ки од Ра­до­ви­шко, на оваа при­каз­на ѝ но­си по­го­ле­ма бла­жи­на, перс­пе­кти­ва, на­деж и вред­ност.

Сопс­твен труд што но­си гор­дост
Ма­ке­дон­ка Ко­це­ва, ко­ја е ос­но­вач­ка на ова со­ци­јал­но прет­при­ја­тие, об­јас­ну­ва де­ка отсе­ко­гаш ги за­бе­ле­жу­ва­ла со­ци­јал­но ран­ли­ви­те гра­ѓа­ни, но не се­ко­гаш има­ла на­чин како да им по­мог­не. На­ни­жа­на­та су­ше­на ша­ре­на пи­пер­ка е автен­ти­чен про­из­вод, ка­ра­кте­ри­сти­чен за куј­на­та од овие про­сто­ри. Отка­ко уви­де­ле де­ка на па­за­рот ре­чи­си не­ма ва­ков про­из­вод да се ку­пи, ги на­со­чи­ле ка­па­ци­те­ти­те да про­из­ве­ду­ва­ат ве­зе­на су­ше­на пи­пер­ка и да ан­га­жи­ра­ат же­ни што се ве­шти во оваа ра­бо­та. Таа об­јас­ну­ва де­ка со „Ви­но­жи­то“, мо­же­би, не ус­пе­ва­ат да ре­шат кру­пен оп­штес­твен проб­лем ка­ко што е иск­лу­че­но­ста на ли­ца­та што ра­бо­те­ле од пен­зи­ски­от фонд, но сè до ста­пу­ва­ње­то во си­ла на од­лу­ки­те за со­ци­јал­на пен­зи­ја, но­сат на­деж:
– Но­си­ме на­деж во ед­на ру­рал­на ми­кро­сре­ди­на де­ка ед­на по­себ­на гру­па гра­ѓа­ни, ба­рем во есен­ски­от пер­и­од мо­же да сме­та на зго­ле­му­ва­ње на сво­и­те лич­ни при­хо­ди и тоа пре­ку сопс­твен труд. Сопс­твен труд е клуч­ни­от до­го­вор за­тоа што тоа е нај­до­сто­инс­тве­ни­от на­чин не­кој да си ги зго­ле­ми скром­ни­те при­хо­ди – не пре­ку по­мош, ту­ку пре­ку сопс­твен труд. Тоа зву­чи гор­до.

Ред пи­пер, ред пес­на
Ко­це­ва го опи­шу­ва ра­бот­ни­от ден на же­ни­те што ги ан­га­жи­ра „Ви­но­жи­то“. Ве­ли де­ка е мно­гу ве­се­ло. Си­те се­дат на под, на по­ста­ве­ни по­стил­ки и пер­ни­ци. Еден чо­век но­си пи­пер­ки и ги исту­ра бли­зу до се­ко­ја од же­ни­те. Тие, пак, опре­ме­ни со дол­ги иг­ли за ни­же­ње и со ко­ноп ги ни­жат пи­пер­ки­те во ни­за.
– Има мно­гу му­а­бет, зна­ат и да за­пе­ат, има­ме ка­фе и топ­ли или сту­де­ни пи­ја­ла­ци, зна­е­ме да си на­пра­ви­ме и за­ед­нич­ки ру­чек на отво­ре­но и се ја­де, исто та­ка, на под – об­јас­ну­ва Ко­це­ва.
Ни­жат на отво­ре­но во двор или под им­про­ви­зи­ра­на стреа до­кол­ку е дожд­ли­во. Дожд­ли­ви­те де­но­ви нај­че­сто не се ра­бот­ни за нив би­деј­ќи, ка­ко што об­јас­ну­ва Ко­це­ва, по­ра­ди вла­га­та на­ни­жа­на­та пи­пер­ка не се су­ши ква­ли­тет­но.
– Тие са­ка­ат да не­ма мно­гу та­кви де­но­ви, ду­ри, ако е воз­мож­но да се ра­бо­ти и се­кој ден за да мо­жат да има­ат и по­ве­ќе при­хо­ди. За­до­вол­ни се што на нив­ни го­ди­ни има кој да ги ан­га­жи­ра, осо­бе­но се за­до­вол­ни по­ра­ди ме­ѓу­себ­на­та друж­ба и не се жа­лат на ус­ло­ви­те, прем­но­гу се скром­ни – ве­ли Ко­це­ва.
Таа до­да­ва де­ка си­те за­ед­но раз­мис­лу­ва­ат за зго­ле­му­ва­ње на ка­па­ци­те­ти­те. Ле­то­во ра­бо­те­ле на из­град­ба на по­кри­ен ра­бо­тен про­стор, а по­на­та­му ќе се опре­му­ва со сè што е не­оп­ход­но. Си­те вклу­че­ни же­ни се од ру­рал­ни­те ре­ги­о­ни на оп­шти­на Ра­до­виш. Ре­чи­си си­те се зем­јо­дел­ки и има­ат иск­лу­чи­тел­ни ве­шти­ни за зем­јо­дел­ски ра­бо­ти, но и за соз­да­ва­ње ра­ко­твор­би.
– Се вклу­чу­ва­ат од три до се­дум же­ни днев­но, а до­се­га се вклу­че­ни 20-ина. Днев­но се ни­же тол­ку пи­пер­ка кол­ку што е на­ба­ве­на, а ра­бот­ни­те ча­со­ви ва­ри­ра­ат од два до пет ча­са најм­но­гу би­деј­ќи тие се ве­шти и мно­гу бр­зо ра­бо­тат. Да имаме ка­па­ци­тет за скла­ди­ра­ње би мо­же­ле да на­ни­же­ме и ису­ши­ме и по­ве­ќе од 10 то­ни во се­зо­на – ве­ли Ко­це­ва.
Таа до­да­ва де­ка ра­бо­тат мно­гу на по­ра­стот и на раз­во­јот на ова со­ци­јал­но прет­при­ја­тие, опре­ме­ни се со ам­ба­ла­жа и со по­мош­ни средс­тва за ра­бо­та, а има­ат и со­ли­ден про­стор од 60-ина ква­дра­ти.
– Има­ме под­др­шка и од при­ват­ни­от се­ктор, осо­бе­но во мен­торс­тво, но и от­ста­пу­ва­ње про­стор за скла­ди­ра­ње.
„Ви­но­жи­то“ во мо­мен­тов ра­бо­ти на соз­да­ва­ње па­ку­ва­ње и со­од­вет­на ам­ба­ла­жа за ма­ли и за по­го­ле­ми ни­зи пи­пер­ка. Ко­це­ва об­јас­ну­ва де­ка по­ра­ди тоа што има­ат ве­ќе ку­пу­ва­чи на си­те про­из­во­ди што ги произведуваат, до­се­га не­ма­ле рек­ла­ми­ра­ње, но пла­ни­ра­ат зго­ле­му­ва­ње на про­из­водс­тво­то. Таа наг­ла­су­ва де­ка за оваа го­ди­на во фо­кус им е одрж­ли­во­ста.
– Поч­нав­ме од ни­што, имав­ме са­мо при­каз­на што ни ја под­др­жа ЦРПМ пре­ку „Смарт старт“. Пр­ва­та го­ди­на ја по­ми­нав­ме со таа под­др­шка, а про­дол­жив­ме и ми­на­та­та го­ди­на, пре­ку про­гра­ма­та „Про­ме­ни за одрж­ли­вост“ во ко­ја сме гран­ти­сти пре­ку „Ко­нект“. Исто та­ка, Оп­шти­на Ра­до­виш има­ше слух за со­ци­јал­на­та ми­си­ја на „Ви­но­жи­то“ и фи­нан­си­ски по­мог­на за на­ши­от раз­вој, по што мо­же­ме да ка­же­ме де­ка има­ме средс­тва и за след­на­та го­ди­на – об­јас­ну­ва Ко­це­ва.

- банер -

Тек­стот е под­го­твен во рам­ки на про­ект на УСАИД за гра­ѓан­ско учес­тво „Со­ци­јал­ни­те прет­при­ја­ти­ја – те­жи­ште на три­а­гол­ни­кот: еко­ном­ски по­раст, раз­вој на за­ед­ни­ца­та и со­ци­јал­на инк­лу­зи­ја“

Напишете коментар