Магазин

Македонија има храна за сите, ама место на трпезите, заврушува во депониите

СЕ ФР­ЛА­АТ ИЛ­ЈАД­НИ­ЦИ ТО­НИ СО­ВР­ШЕ­НО ЗДРА­ВА ХРА­НА

Автор: Блаже Јосифовски

По­ра­ди ни­ска­та свест на по­тро­шу­ва­чи­те и не­со­од­вет­но­то снаб­ду­ва­ње и по­ба­ру­вач­ка во зем­ја­ва се фр­ла­ ил­јад­ни­ци то­ни со­вр­ше­но здра­ва хра­на


И по­крај де­це­ни­ски­от на­пре­док во на­ма­лу­ва­ње­то на гла­дот во све­тот, во 2017 го­ди­на се за­бе­ле­жу­ва зго­ле­му­ва­ње на бро­јот на лу­ѓе што се глад­ни. По­ве­ќе од 820 ми­ли­о­ни ли­ца сѐ уште си лег­ну­ва­ат глад­ни се­ко­ја ноќ – тоа зна­чи де­ка еден на се­кои де­вет лу­ѓе не­ма хра­на што му тре­ба за да жи­вее здрав и про­ду­кти­вен жи­вот. Ова е не­ве­ро­јат­но ако се има пред­вид де­ка во мо­мен­тов се про­из­ве­ду­ва по­ве­ќе хра­на, откол­ку што има по­тре­ба свет­ска­та по­пу­ла­ци­ја.
Свет­ска­та здрав­стве­на ор­га­ни­за­ци­ја сме­та де­ка ова е нај­го­ле­ма за­ка­на за гло­бал­но­то здрав­је. Гла­дот е цик­ли­чен и ге­не­ра­ци­ски проб­лем, кој спре­чу­ва лу­ѓе­то да ги раз­ви­ва­ат и ко­ри­стат сво­и­те спо­соб­но­сти, а пре­ку тоа и да се ос­ло­бо­дат се­бе­си и сво­и­те се­мејс­тва од си­ро­ма­шти­ја­та во ко­ја се на­о­ѓа­ат.


Се фр­ла­ат ил­јад­ни­ци то­ни со­вр­ше­но здра­ва хра­на 


Освен еко­ном­ска­та не­ед­на­квост, ед­на од глав­ни­те при­чи­ни за гла­дот е не­со­од­вет­но­ста на си­сте­ми­те за упра­ву­ва­ње хра­на, не­до­сти­гот од пат­на ин­фра­стру­кту­ра за по­вр­зу­ва­ње на лу­ѓе­то со па­за­ри­те, ло­ши­те об­је­кти за скла­ди­ра­ње, при што таа се гу­би и ни­ко­гаш не стиг­ну­ва до тие на кои им е по­треб­на.
Вре­мен­ски­те шо­ко­ви, кои де­лум­но се дол­жат на кли­мат­ски­те про­ме­ни, исто та­ка, сѐ по­ве­ќе вли­ја­ат на овој проб­лем. Ед­на по­ло­ви­на од си­ро­маш­ни­те во све­тот са­ми си одг­ле­ду­ва­ат хра­на, но при­род­ни­те ка­та­стро­фи ка­ко што се су­ши­те и поп­ла­ви­те, че­сто ги бри­шат це­ли­те нив­ни на­са­ди и при­хо­ди.

За жал, Ма­ке­до­ни­ја е зем­ја што се вбро­ју­ва ме­ѓу тие што имаа го­лем дел од сопс­тве­на­та по­пу­ла­ци­ја во со­стој­ба­ на не­ма­ње при­стап до до­вол­на ко­ли­чи­на хра­на со ко­ја ќе мо­же да си ги за­до­во­лат сопс­тве­ни­те по­тре­би, а број­ки­те се за­стра­шу­вач­ки и ве­лат – ду­ри 460.000 Ма­ке­дон­ци. Всуш­ност, 30 про­цен­ти до 40 про­цен­ти од хра­на­та во Ма­ке­до­ни­ја се фр­ла.

„Си­те си­ти“, ка­ко мре­жа од гра­ѓан­ски ор­га­ни­за­ции, ра­бо­ти да ја ви­ди Ма­ке­до­ни­ја ка­ко зем­ја во ко­ја до­бра­та хра­на не се фр­ла, а тоа го пра­ви пре­ку по­вр­зу­ва­ње на ор­га­ни­за­ци­и­те што ра­бо­тат за­ед­но во бор­ба­та про­тив гла­дот ко­ри­стеј­ќи го ви­шо­кот хра­на. Сог­ле­да­но е  де­ка по­ра­ди ни­ска­та свест на по­тро­шу­ва­чи­те и не­со­од­вет­но­то снаб­ду­ва­ње и по­ба­ру­вач­ка се фр­ла­ ил­јад­ни­ци то­ни со­вр­ше­но здра­ва хра­на.

Пос­лед­ни­те 18 ме­се­ци се фо­ку­си­рав­ме на на­пор­на ра­бо­та за да го спре­чи­ме фр­ла­ње­то и да го уб­ла­жи­ме гла­дот пре­ку вос­по­ста­ву­ва­ње­то на пр­ви­от си­стем за до­на­ции на ви­шок хра­на.

Не­оп­хо­ден ни е по­е­фи­ка­сен си­стем за хра­на

Освен на­ма­лу­ва­ње­то на фр­ла­ње­то хра­на, ка­ко зем­ја тре­ба да ра­бо­ти­ме и на по­вр­зу­ва­ње на зем­јо­дел­ци­те со ре­сур­си­те што им се по­треб­ни за да го зго­ле­мат про­из­водс­тво­то за да се на­хра­нат нив­ни­те се­мејс­тва и да ги зго­ле­мат сво­и­те при­хо­ди. По­треб­на е си­стем­ска под­др­шка на ма­ли­те про­из­во­ди­те­ли пре­ку обез­бе­ду­ва­ње обу­ки за по­до­бру­ва­ње на по­стој­на­та зем­јо­дел­ска пра­кти­ка, но и по­до­бру­ва­ње на си­сте­ми­те за на­вод­ну­ва­ње, за­шти­та на автох­то­ни­те се­ми­ња и пот­тик­ну­ва­ње на ор­ган­ско­то про­из­водс­тво. По­треб­ни ни се се­ри­оз­ни на­по­ри за по­до­бру­ва­ње на ефи­кас­но­ста на ма­ке­дон­ски­от си­стем за хра­на, пре­ку на­ма­лу­ва­ње на за­гу­би­те и на от­па­дот од хра­на. Тоа зна­чи по­мош за по­до­бру­ва­ње на ка­па­ци­те­ти­те за скла­ди­ра­ње, транс­порт, но и по­до­брен при­стап на про­из­во­ди­те­ли­те до па­за­ри­те за нив­ни­те про­из­во­ди. Ло­кал­ни­те вла­сти се мно­гу важ­ни за раз­во­јот на инк­лу­зив­на по­ли­ти­ка, ко­ја ќе им го олес­ни на лу­ѓе­то при­ста­пот до ре­сур­си­те што им се по­треб­ни за да на­пре­ду­ва­ат. Че­сто за­не­ма­рен, но иск­лу­чи­тел­но ва­жен фа­ктор е и по­до­бру­ва­ње на по­зи­ци­ја­та на же­ни­те. По­треб­но е пот­тик­ну­ва­ње кул­тур­на про­ме­на, ко­ја ќе ја под­др­жу­ва нив­на­та не­за­вис­ност и ќе зна­чи за­си­лу­ва­ње на нив­на­та моќ за до­не­су­ва­ње од­лу­ки. Тоа ќе го пот­тик­не зго­ле­му­ва­ње­то на при­хо­ди­те и шан­си­те за пре­хра­ну­ва­ње на сво­и­те се­мејс­тва. Освен обез­бе­ду­ва­ње­то не­ка­ква хра­на, по­треб­но е да се на­со­чат на­по­ри­те и за обез­бе­ду­ва­ње раз­но­вид­на и хран­ли­ва хра­на, ко­ја зна­чи здрав­је.

Се­га е нај­до­бро­то вре­ме да поч­не­ме да ра­бо­ти­ме на­пор­но за по­до­бру­ва­ње на на­ша­та се­гаш­ност и ид­ни­на ка­ко зем­ја. Не­ма по­до­бар на­чин да го на­пра­ви­ме тоа, од тој што ќе зна­чи на­ма­лу­ва­ње на гла­дот во Ма­ке­до­ни­ја. Би­деј­ќи, со гла­дот ка­ко при­о­ри­тет, се отво­ра­ат за ре­ша­ва­ње ед­ни од нај­го­ле­ми­те проб­ле­ми што мо­же да ги има ед­но оп­штес­тво, еко­ном­ска­та и ро­до­ва не­ед­на­квост, сла­би­от при­стап до ква­ли­тет­но обра­зо­ва­ние и ра­бот­ни ме­ста, на­до­пол­не­то со енорм­но на­ру­шу­ва­ње на жи­вот­на­та сре­ди­на.

(Авто­рот е ко­ор­ди­на­тор на „Си­те си­ти“, www.sitesiti.mk)

Напишете коментар