ЗЕНици

Зениците во поддршка на продавачите на „Лице в лице“

Време на читање: < 1 минута
- банер -

Првиот „Лице в лице предизвик“, кој го организираме со поддршка на „Лицевлице ЗЕНици“ – новата група волонтери на платформата за одржлив развој, ќе се одржи утре, сабота, 25.09.2021 година, со почеток во 11 часот во Градскиот парк во Скопје. 

Во првиот предизвик – игра која ветува дружење, поддршка на продавачите на „Лице в лице“, но и кревање јавна свест за темите кои ги опфаќа уличното списание, вклучени се средношколци и средношколки од Скопје, кои ќе бидат поделени во два тима. Едниот тим ќе продава со нашиот продавач Кико, а вториот ќе даде поддршка на тимот продавачки од „Порака Волково“. 
За исходот од овој предизвик ќе објавуваме содржини на социјалните мрежи на „Лице в лице“.
Сите учесници ќе добијат оброци кои ги обезбедува рок кафана „Рустикана“.

ЗЕНиците се дел од програма за вклучување на млади волонтер(к)и,  со што уличното списание „Лице в лице“, преку мисијата и содржините кои ги комуницира, се доближува до младите луѓе (Генерацијата Z), отворајќи им можност за кокреирање, зајакување, дружење. Целта е да влијае врз развојот на идната генерација предводници за поеднакво општество преку вклучување и активирање подмладок „Лице в лице ЗЕНици“.

Сакате и вие да сте дел од ЗЕНиците? 
Пријавете се на 
[email protected]

Напишете коментар