Блог, Доза вести, Лице в лице интервју

Женска енергија, кирилични приказни и убавина во секој детал

Време на читање: 3 минути

Секогаш кога бирам подарок ми е најтешко. Сакам да биде уникатно, сакам да биде единствено, да ја има емоцијата која ја чувствувам, пораката која е напишана да е на македонски јазик, не на англиски… Во последно време, иако само слушам дека македонскиот јазик и не е толку богат за искажување емоции, мене ми е мелодичен, убав, нежен и вреден. Јас со мојот мајчин јазик можам да искажам како се чувствувам кога треба да искажам внимание. На најчуден начин и многу спонтано, ги сретнав „Преплет“. Тогаш работев на кампања за економско зајакнување на жени и откако подаривме над 1000 рачно свиткани семиња, тие се мојот прв избор кога треба да мислам на подарок.

Затоа што ако сакате да подарите емоција, подарокот мора да биде изработен со емоција.

Емилија Ланговска е дел од креативниот тим на „Претплет“ и овој разговор на „Лице в лице“ е токму поради емоциите кои ги нудат со своите производи.

Вашиот бизнис зрачи со женска енергија, уникатност и креативност. Како започна вашата приказна и уште поважно, зошто?

Нашата приказна започна да се плете уште во 2013та година, пред се како креативен одговор на потребата да се понудат дизајнерски производи кои во себе носат емоција, со кирилични пораки и фрази симболични за нашиот јазик и култура. Нешто во кое што во моментот бевме единствени, а подоцна со нашето растење се менуваа и производите и проектите кои беа дело на нашето студио, па така во дизајните често вклучувавме и англиско и брајово писмо.

Во секој ваш производ или комбинација на производи како да се нижи мисла, позитивна и убава. Како добивате инспирација за производите?

Нашите производи (без разлика дали станува збор за честитка, лампа, или шолја) се препознатливи по приказната што ја носат и емоцијата што ја пренесуваат. Низ годините имаме креирано многу различни производи и колекции, работејки со различни техники и материјали, но инспирацијата е она што се провлекува како константа бидејки потекнува од желбата за креирање нови приказни.

Што најчесто се купува од „Преплет“? Со која идеја доаѓаат да купат од вас и кој најчесто купува?

Преплет низ годините стана препознатлив како „катче на подароци”, кое полека прераснува во „куќа на дизајн”. Луѓето кои подаруваат наши производи најчесто се во потрага по подарок кој искажува внимание, љубов, оддава почит, благодарност и пренесува убава мисла… без разлика дали станува збор за нешто мало и симболично како честитка и благо, или за целосен подарок.

Направивте  промена. Сега фокусот е на себе, на она што го чувствувам и она што можам добро да го направам. Каде точно води вашата промена?

Изминатите месеци позадински работевме на ширење на продажната мрежа, со цел нашите најбарани производи да бидат што подостапни. Нашата експертиза ја насочуваме сѐ повеќе кон дизајн услуги, со кои нудиме персонализирани решенија за надворешни клиенти. Спектарот на услуги опфаќа концепт дизајн на ентериери, креативни решенија за излози, визуелни концепти за кампањи и корпоративни настани, вклучувајки ги и нашите добро познати подароци, како и консултативни дизајн сесии.менти на уживање и се залагаат за побавно живеење.

Текст: Натали Китаноска

Фотографии: Архива на „Преплет“

Напишете коментар