Лице в лице

Златна премиера на „Пред дождот“

Милчо Манчевски на Златна премиера на „Пред дождот“
Време на читање: < 1 минута

-Тој ми додава топка, јас давам гол, а мислам дека и јас додавам топка, тој дава гол – рече актерот Петар Мирчески на денешната прес конференција по повод златната премиера на „Пред дождот“. Тој со оваа реченица ја опиша неговата успешна долгогодишна соработка со режисерот Милчо Манчевски.


На утринската средба со новинарите беше присутна релиси целата екипа која пред 30 години создаде дело кое ја дефинираше македонската филмска и културна сцена, кое ден денес продолжува да инспирира и поттикнува на размислување.
Во своето обраќање, Манчевски го сподели својот уникатен пристап кон раскажувањето на приказната и создавањето уникатната „циркуларна структура“ која го одликува „Пред дождот“. Тој објасни дека историјата е комплексен мозаик на лични и колективни искуства и како таква бара внимателен пристап во нејзиното визуелно пренесување.
Филмот се покажа како пионерски подвиг и оттогаш инспирира генерации уметници и ширум светот. Неговиот успех е симбол на креативниот дух на Македонија и доказ дека уметноста може да ги премости националните и културните бариери.
Сепак по толку години успех на македонски филм ширум светот, Манчевски прес конференцијата за одбележување на годишнината ја заврши со:

Луѓе ме прашуваат зошто во моите филмови нема повеќе среќни завршетоци. Денес, 30 години после успехот на „Пред дождот“, мене ми е забрането да снимам во Македонија. Уживајте во претставата.


Златната гала премиера на „Пред дождот“ ќе се одржи вечерва во Македонската филхармонија во Скопје. Настанот претставува ретка можност повторно да се види ова безвременско дело на големото платно, а истовремено е и прослава на неговиот огромен уметнички и културен дострел.

Напишете коментар