Лице в лице

Знаете ли зошто мора да ја пробате пицата на  „УЛАФ“?

Знаете ли зошто мора да ја пробате пицата на  „УЛАФ“?
Време на читање: < 1 минута

Пицеријата „УЛАФ“ на Мартин и Радмила од Битола добива нови размери! Сега е веќе и добитник на признание на овогодишните Ability Awards. Со наградата за Бизнис Иноватор, тие се препознаени како пионери кои ја користат иновацијата за да изградат поинклузивно општество.

Социјалните претпријатија во Македонија покажуваат дека се двигатели на позитивни промени, комбинирајќи економска одржливост со решавање на општествените предизвици. Преку иновативни пристапи и солидарност, овие претпријатија го зајакнуваат економскиот и социјалниот развој во нашата земја, притоа создавајќи можности за најранливите групи.

Доколку не сте биле во „УЛАФ“, не сте јаделе од најубавата пица и сè уште немате научено знаковен јазик, сега е вистинско време да го направите тоа. Мартин и Радмила ќе ве услужат најтопло и ќе ве научат како да нарачате највкусна пица, и тоа на знаковен јазик.

Нивниот успех е доказ дека социјалните претпријатија не само што се одржливи, туку можат и да поставуваат нови стандарди за иновации во бизнисот. Тоа е патека што треба да ја следат многумина – не само заради економската добивка, туку и заради поголемото добро.

Поддржете ги локалните социјални претпријатија и бидете дел од промената што ја сакаме сите! 🙌

Прочитајте го и интервјуто на „Лице в лице“ со Мартин и Радмила на овој линк
https://licevlice.mk/nemate-shansa-kako-gluvi-luge-da-se-zanimavate-so-biznis-pogreshno/ 

* Објавата е креирана во рамки на проектот Резилиентни и инклузивни патеки за социјално претприемaштво за младите преку градење капацитети на локални граѓански организации во Северна Македонија со поддршката на ЕУ за граѓанското општество и медиумските организации во Република Северна Македонија, ИПА програма за граѓанско општество 2022-2023.

Напишете коментар