Доза вести

Средношколци од гимназијата „Орце Николов“ ќе прават мастило од саѓи од оџаци! Потребна им е нашата поддршка!

Време на читање: < 1 минута

Производство и продажба на мастило за печатење од саѓи на постојни оџаци и филтри.
Ова е идејата на петмина средношколци од гимназијата „Орце Николов“, на кои им се потребни 30 илјади денари за да формираат ученичка компанија. Овој тим, всушност, е еден од победничките од UPSHIFT програмата на кои им е потребна поддршка за постигнување на нивната цел.

-Нашите ученици веќе го започнаа процесот на прочистување на саѓите и добивање на мастило кое треба хемиски да се тестира. Во моментот потребни им се 30 000 ден. за да го продолжат процесот и да набават материјали за производство и пакување на мастилото – соопштија од гимназијата.

Во моментов се собрани близу 10 илјади денари, а доколку сакате да ги поддржите учениците, тоа може да го направите на линкот.

Напишете коментар