Доза вести

Ученици од „Ѓорѓија Пулевски“ заедно со „Боренка“ цртаа дрвца што наскоро ќе се засадат

Време на читање: 2 минути
- банер -

Во просториите на Младинскиот центар Матично, изминатата недела се одржаа едукативни работилници на иницијативата „Боренка“, во реализација на тим од Сојузот на извидници на Македонија .
Средбите собраа близу 100-ина заинтересирани ученици од  ООУ „Ѓорѓија Пулевски“.
– На почетокот поразговаравме за нашата животна средина, како ние луѓето ѝ штетиме, но и ја чуваме. Еден од нејзините најголеми непријатели се шумските пожари, па затоа децата имаа можност да гледаат едукативен цртан „Ден во шумата“, а потоа сите заедно се префрливме кон цртање дрвца со помош на јагленчиња, споделуваат од „Боренка“.
Нацртаните дрвца учениците ги посадија во виртуелната шума: www. borenka.mk, и истите, веќе на првото следно пошумување, ќе бидат и реално засадени на опожарено подрачје.

Напишете коментар