Актуелно, Лице в лице

Млади, наследете нѐ, но со полно срце

Време на читање: 2 минути

Сама за себе вика дека е пионерка во социјалното претприемаштво! Зборува за социјалната економија како свет кој треба да е одржлив. За своите колеги вeли дека се лица со кои е задоволство да се поминува денот и е спремна на повик! – За младите!

„Работете со душа, вложете од вашето срце и сакајте ја вашата работа, наследете не! Ние сме луѓе кои одат дома изморени, ама исполнети, а тоа е целта на животот, нели?“ Славица Стефаноска, социјална претприемачка.

Тимот на проектот „Резилиентни и инклузивни патеки за социјално претприемaштво за младите преку градење капацитети на локални граѓански организации во Северна Македонија“ кој се имплементира со поддршката на ЕУ за граѓанското општество и медиумските организации во Република Северна Македонија, ИПА програма за граѓанско општество 2022-2023, разговараше со Славица Стефаноска, менаџерката на хотел Даљан од Охрид. Ова беа прашањата на кои се разговараше:

Како се одлучивте на социјално претприемаштво?

- банер -

 Хотел Далјан и инклузивен туризам е мојот студентски сон кој што се преточи во стварност. Посветеностa и љубовта кон работата и следење на соништата, се клучот на успехот . Јас секогаш имав точна замисла за тоа како треба да изгледа моето социјално претприемаштво. Така настана хотел Даљан кој сега работи на спроведување на инклузивен туризам . Но, никогаш не мислев дека ќе бидеме на врвот! Што подразбира врвот? Кај нас се учат вештини, кај нас се стекнува знаење, ние ја гледаме можноста и работиме со вредности. Започнав со  вработување на глуви лица во време кога сите фабрики се затвораа, кога да најдеш работа беше вистински предизвик. Ние започнавме со работа која значеше емоција, напредок и исполнување на целосниот потенцијал!

И не се потпираме на проекти, ние од нашето претприемаштво живееме. Самоодржливи сме и не кажуваме пријатно на вработените кога ќе заврши проектот. Затоа што едно е сигурно, колегите со кои работам не се проект, тие се мои пријатели, извор на мојата инспирација, столбот на нашето социјално претпријатие!

Напишете коментар