ПОВИК ЗА УЧЕСТВО: КАМП ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА МЛАДИ НОВИНАРИ ВО ОХРИД

Дали сте млад/а новинар/ка под 35 години? Сакате да стекнете знаења за дигитална и физичка безбедност, да се поврзете со врсници и да учите од искусни медиумски професионалци? Доколку одговоривте на овие прашања со да ви го претставуваме Камп за безбедност на млади новинари, од 08 до 12 јули 2025 година, во хотел Метропол во Охрид, организиран од Мисија на ОБСЕ во Скопје во партнерство со ЗНМ.
Со оглед на сѐ почестите закани кон новинарите, особено во дигиталниот простор, од витално значење е медиумските професионалци да бидат едуцирани и подготвени да се заштитат себеси и својата работа.
Доколку сте заинтересирани кликнете на линкот.
Содржината е креирана во рамки на проектот „Reporting Digital Rights and Freedoms“ кој се спроведува со финансиска поддршка на Европската унија. Изнесената содржина е одговорност на „Паблик“ и на „Лице в лице“ и не мора да ги одразува ставовите на ЕУ.

- АКТО фестивалот: 20 години современа уметност и слобода на јавниот простор
- Скопје џез фестивал започнува на 16 октомври
- Џифони Македонија 2025: Младите од осум земји со филмови, работилници и креативни средби
- Започна теренската работа за Гаранција за млади: Поддршка за младите кон работа, обука или практикантство
- Розев октомври: Аукција на ексклузивна мода за борба против ракот на дојка