Младите бираат фирми во кои што и на луѓето и на планетата им е добро

На овогодишниот Форум на добри компании, пораката беше јасна – компаниите кои не го менуваат своето ДНК, нема да имаат кого да вработуваат, а 71% од Генерацијата Зет би ја напуштила работата ако негативно влијае на нивното ментално здравје.
Фотографии: Ирина Крстевска
Традиционалниот бизнис модел е како џиновски танкер што плови кон ајсберг со полна брзина, а капетанот одбива да го смени правецот затоа што „така секогаш пловеле“. Проблемот? Светот се смени, а значаен дел од бизнисите остануваат во минатото во линеарна економија од „земи-направи-фрли“, со системи во кои вработените се само „ресурси“ што треба да се управуваат и во кој се бара брз раст без оглед на долгорочните последици.
А новата работна сила не сака да биде дел од вакви системи. Ако бејби бумерите, генерацијата Икс и миленијалците се фокусираа на кариера и ги игнорираа еколошките и социјалните проблеми, генерацијата Зет станува сè посвесна за последиците што ги носи таквиот начин на делување. Тие наследуваат планета која ги живее последиците од климатските промени, социјалната нееднаквост и од менталната здравствена криза. Затоа 78% од генерацијата Зет (според Воркмониторот 2024) бара работа што придонесува за општеството – не затоа што е „размазена”, туку затоа што е одговорна. Во дигиталната ера, станува сè поочигледно што навистина прави секоја компанија. Не можете да тврдите дека се грижите за планетата додека вашиот главен приоритет е максимизирање на профитот по секоја цена и лесно е проверлив карбонскиот отпечаток, работните услови, добавувачите. Лицемерието станува видливо во реално време.
На овогодишниот Форум на добри компании, пораката беше јасна – компаниите кои не го менуваат своето ДНК, нема да имаат кого да вработуваат, а 71% од Генерацијата Зет би ја напуштила работата ако негативно влијае на нивното ментално здравје.
И ова не се две одделни кризи. Тоа е една криза што ги погодува и планетата и работните места.
„Која е поентата да имаме бизниси ако не можеме да го поддржиме животот на оваа планета?” – праша на Форумот, Чарли Фелгејт, кој бил догогодишен директор за визија во „Декатлон“ и промотор на регенеративното лидорство. И младите се прашуваат исто: која е поентата да работам за компанија што го уништува светот што ќе го наследам?
Новата работна сила не бара само плата, туку бара и цел. Не очекува само работа, туку и припадност. И не стреми само кон само кариера, туку и кон можност да придонесуваат за нешто поголемо од себе, бара мисија.
Француската „Мустела” донесе радикална одлука: да престане да произведува влажни марамчиња кои донесуваат 20% од нивниот промет од 325 милиони евра. Зошто? Затоа што младите им кажаа дека не сакаат да работат за компанија што ги загадува реките. Резултатот? „Мустела” стана привлечен работодавач за младата работна сила.
Просечниот човек поминува над 90.000 часа од својот живот на работното место – тоа е повеќе време отколку што го поминува со своето семејство. Кога токсичната работна култура станува дел од вашиот секојдневен живот, не е чудо што 67% од вработените во светот се чувствуваат емоционално исцрпени. Младите генерации едноставно одбиваат да жртвуваат ментално здравје за плата. Тие не бараат само парични компензации – тие бараат да бидат почитувани, слушнати третирани како луѓе, а не како производни единици.

Во суштина, младите бираат компании во кои што и на луѓето и на планетата им е добро. И ваквите компании не само што ги задржуваат талентите, туку и талантите ги бираат нив.
И додека ни личи дека младите работници се проблемот што треба да се реши, можеби тие се решението што треба да го прифатиме и можеби ни се најдобрите детектори за тоа дали нашите бизниси имаат иднина.
Прашањето не е дали младите генерации ќе се прилагодат на работната култура во нашот бизнис, туку дали нашата работна култура ќе еволуира доволно брзо за да ги привлече и задржи оние кои ќе ја градат иднината.
- АКТО фестивалот: 20 години современа уметност и слобода на јавниот простор
- Скопје џез фестивал започнува на 16 октомври
- Џифони Македонија 2025: Младите од осум земји со филмови, работилници и креативни средби
- Започна теренската работа за Гаранција за млади: Поддршка за младите кон работа, обука или практикантство
- Розев октомври: Аукција на ексклузивна мода за борба против ракот на дојка