Каде завршува природата, а каде почнува фотографијата? Изложба на Сашо Алушевски во Скопје
Фотографот и визуелен уметник Сашо Алушевски, во среда, трети декември, со почеток во 18 часот, ќе ја отвори изложбата од циклусот „На Мајката Земја“. Поставката ќе биде претставена во Мобилна-монтажна галерија во Паркот на франкофонијата во Скопје.
Изложбата го истражува односот меѓу фотографијата и материјалната природа, поставувајќи ја фотографската слика како симулакрум, визуелен знак што не ја репрезентира директно природата, туку нејзините кодови, траги и слоеви на значење. Врз основа на платоновата разлика меѓу идејата, имитацијата и сенката, Алушевски укажува дека уметничката практика не го реплицира светот, туку сопствениот визуелен јазик и неговите граници.
Преку суптилна деконструкција на лисја, земја, камен и вода, сликите ја расплетуваат врската меѓу визуелното и физичкото. Материјата се претвора во знак, а фотографијата, иако фиксирана, упорно одбива да биде статична. Таа сведочи за својата ограниченост, нудејќи простор каде што претставата и реалноста се разидуваат.

Овој јаз меѓу сликата и природата ја носи и главната порака: ниту една визуелна репрезентација не може да го замени директното, органско доживување на природата. Мирисот на мов, текстурата на кора, здивот на шумата, без соработка со „идеалниот гледач“ остануваат искуства што фотографијата само ги навестува, но не ги поседува.
Поставката ја преиспитува нашата перцепција: Дали сликите се надвор од нас — или во нас? Каде завршува сопствената проекција, а каде почнува „реалното“?
Во реализацијата се користени природни материјали и повеќе аналогни фотографски техники: цијанотипија, Ван Дајк, гумотипија и гумомаслена техника, колодиум, мордансаж и лумен процеси.
- Тоа е што е
- Шведска има и свој „Див Запад“: три места што функционираат по свои правила
- Секој четврти ученик на 15-16 години се коцкал за пари, предупредува ХЕРА Млади
- „МакеДокс“ од 20 до 27 август: 71 документарец, Шпанија во фокус и над 100 гости
- Различни патишта, исти желби: Битола го одбележува 12-ти август, Меѓународниот ден на младите