Работилница за новинарки: „Жените зад приказните“ – простор за поддршка, заедништво и солидарност
Работилницата „Жените зад приказните: Простор за заедништво и солидарност“, ќе се одржи на 3 декември во „Паблик рум“ во Скопје. Настанот е наменет за новинарки кои секојдневно ги носат приказните на јавноста, им даваат глас на граѓаните и бараат отчетност од институциите.
Работилницата ќе започне во 10 часот и ќе трае два часа, создавајќи безбеден простор за меѓусебна поддршка, размена на искуства и зајакнување. Преку интерактивни вежби ќе се мапираат професионалните предизвици, ќе се разменат практични совети за олеснување на работата и ќе се зајакне солидарноста меѓу новинарките.
Настанот ќе го води новинарката, авторка и феминистка Марта Стевковска, која има повеќе од 12 години искуство во медиумскиот сектор и работи како специјалистка за комуникации и координаторка на проекти во Мрежа „Стела“.
За учество е потребна претходна пријава преку овој линк. За новинарките кои доаѓаат од други градови ќе бидат покриени трошоците за превоз.
Работилницата ја организира „Реактор“, со поддршка на Женската медиумска мрежа „Еднаква“ при Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.
- „Не знам каде ќе бев денес…“ Валентин со ново знаење и сертификат за готвење
- Вештините што на возрасните им требаат на работа, на децата им требаат на игралиште
- Џез што не стои во место: Скопскиот џез фестивал носи изведувачи од 13 земји
- Од паметни сензори до микрозеленчук: три македонски зелени идеи патуваат во Призрен
- „Штефица Цвек“ избра седум книги што не се плашат да го преиспитаат светот