Доза вести

Активно учество на младите кон предлозите за законски измени

Време на читање: 2 минути

Подобрување на примената на механизмите за младинско учество, зајакнување на функцијата на службениците за млади, поедноставување на процесот за воспоставување на локалните младински совети и националното советодавно тело, и фокусирање на воспоставување на функционални младински центри се дел од насоките кои се најдоа во Предлог текстот на Закон за измени и дополнувања на Законот за младинско учество и младински политики. Предлогот го поднесоа денеска националните мрежи на младински организации – Коалиција на младински организации СЕГА, Национален младински совет на Македонија и Сојузот за младинска работа, до пратениците од Клубот за младински прашања и младински политики во Собранието на Р. С. Македонија. 

Предлог текстот е креиран врз основа на широк консултативен процес за измени и дополнување на законот.

– Во периодот од стапување на сила на законот, од страна на младинскиот сектор се спроведени четири мониторинг анализи на имплементацијата и индекс за младинско учество преку кој се опфатени локалните механизми. Дополнително, во текот на изминатата година беа реализирани низа алатки за креирање на сеопфатен пакет на измени и дополнувања на законот вклучувајќи национална анкета, регионални фокус групи, национални конференции и работилници – велат од мрежите на младински организации.

Од таму појаснуваат дека преку овие алатки овозможено е учество на над 1000 млади, 80 младински организации и организации за млади како и претставници од државните институции, единиците на локалната самоуправа, локалните младински совети и младински работници:

– Ги повикуваме пратениците кои се дел од Клубот за младински прашања и младински политики да отпочнат итна постапка за измени и дополнување на Законот за младинско учество и младински политики, и да обезбедат транспарентен и сеопфатен процес со вклучување на сите засегнати страни во согласност со собраниската пракса. Воедно го повикуваме Министерството за социјална политика, демографија и млади, како Министерство во чиј ресор спаѓа спроведувањето на Законот за младинско учество и младински политики, да го поддржи процесот и Нацрт-Законот за измени и дополнување на Законот за младинско учество и младински политики. 


 

Напишете коментар