Активистката Мариа Дуда со „Базарче дружба“ во Скопје: поддршка за штрковите инспирирана од „Силјан“
Активистката Мариа Дуда, непосредно пред македонската премиера на документарниот филм „Приказната за Силјан“, денес, 3 јануари, организира настан под наслов „Базарче дружба“, посветен на сите штркови како Силјан.
Настанот се одржува во просторот „Books and Dogs“ во „Три Бисери“ во Скопје, во периодот од 12.30 до 17 часот. Посетителите имаат можност да изберат и испечатат дизајни со мотиви од штркот Силјан на дуксери, маички, капи и разгледници, со автограм од режисерката Тамара Котевска и кинематограферот Жан Дакар, кои стојат зад наградуваниот документарен филм.
Средствата собрани од продажбата и донациите се наменети за изградба на првиот рехабилитациски центар за штркови. Како симбол на оваа иницијатива, на настанот присуствува и Јорго штркот, кого посетителите можат лично да го запознаат. Секој што ќе купи или донира ќе биде впишан со свое име на еден од ѕидовите на новиот центар, како траен знак на поддршка.

Настанот е замислен како отворена, пријателска средба која ја продолжува приказната за Силјан, од филмско платно во реална поддршка за заштита на штрковите.
- Заштитено: Иштван Фаркаш, продавач на „Лицеулице“ во Нови Сад: „Солидарноста не е милостина“
- Луѓе кои ја движат промената: инспиративни пристапни приказни за трансформација и зајакнување
- Отворен повик за млади фотографи: „Сликите на вкусот“ ги обединува креативците од Балканот
- Инклузивна изложба на графики по повод Меѓународниот ден за подигање на свеста за лицата со аутизам
- „Саранда“ во Жеровјане, место каде различностите се мешаат, токму како и вкусовите на сладоледот