Битола го слави Меѓународниот ден на младите со целодневни активности во Младинскиот Центар

Младинскиот центар во Битола ги отвора вратите за сите кои сакаат да го прослават Меѓународниот ден на младите со дружење, инспиративни говори и креативни активности. Настанот е закажан за 12-ти август од 10 часот, со обраќања од тимот на Центарот, кои ќе ги споделат своите искуства и ќе ги претстават идните планови.
Центарот, кој е поддржан од Општина Битола, а го управуваат Сфера Интернешнал, ИМКА и МКЦ Битола, ќе понуди програма првенствено насочена кон младите, но отворена за сите заинтересирани.
– Ова е одлична можност сите да се запознаат со нашата работа и да го одбележиме овој важен ден низ дружење и позитивна енергија- порачуваат организаторите.
Во рамки на истиот настан ќе се организира и пинг-понг турнир кој е од 17 до 19 часот. Од 20 часот, следува кино на отворено, пред Младинскиот центар.
– Во текот на сите активности ќе има освежување за сите учесници. Дојдете да се дружиме, да славиме и да направиме спомени за паметење! – велат организаторите.
- Филмски автори и продуценти од Балканот и Европа на едно место – МакеКоПроДокс
- Интервју со Горан Игиќ од „Види вака“: Време е за враќање на „Бушавата азбука“
- Вечерва на МакеДокс ќе се одржи македонската премиера на новиот долгометражен документарен филм на Петра Селишкар
- „Јавна соба“ и понатаму е лекција: Зошто дигиталното насилство не смее да се нормализира
- „МакеДокс“ го отвора своето 16. издание – вечер сите во Куршумли-ан