Интерактивни приказни, Лице в лице

Дали читаше „Лице в лице“?

Aнимирано видео: Георгиј Трајкоски, по идеја на Натали Китаноска.
Фотографии: Лука Плушкоски

Изминатиот период „Лице в лице“ беше посветено на објаснување на значењето на политичкиот интегритет, како и на транспарентноста и одговорноста на лицата кои вршат јавни функции. Ова го работевме преку собирање искуства од граѓаните, преку креативни интервенции кои опфаќаа дискусија, средби, онлајн прашалници, интервјуа, анализи, повик за креативни дела…
Овој пат, елементите од искуствата на граѓаните, ги преточивме во анимирано видео, кое е достапно овде:

Aнимирано видео: Георгиј Трајкоски, по идеја на Натали Китаноска. Употребени се сведоштва на граѓани кои одговорија на прашалниците на „Лице в лице“ на оваа тема.

Се потсетуваме и на повикот за уметнички дела „Осмели се, инспирирај, промени – политичкиот интегритет низ очите на младите“ од кој жирито избра 15 дела кои ги прикажуваме на изложба. Истоимената изложба, првично беше прикажана во „Europe House“ во Струга, а од утре, изложбата ќе биде достапна во „Europe House“ во Велес.
На линкот можете да ја видите и виртуелната галерија која овозможува уметничките дела да стигнат и до оние кои не се во можност да присуствуваат на местата каде што галеријата е претставена физички:

Младите и политичкиот интегритет: онлајн галерија со уметност што поставува прашања за одговорноста

Ленче Ристоска

Зборувавме со јавната обвинителка Ленче Ристоска за тоа како се нормализира неправдата.

– Политичкото влијание врз правосудството најчесто не се појавува како еден директен чин, туку како процес што се одвива на повеќе нивоа. Од една страна, тоа може да се манифестира преку обиди да се влијае врз конкретни предмети – преку притисоци, влијанија, јавни дискредитации или создавање атмосфера на страв и неизвесност кај оние што постапуваат – посочува Ристоска во интервјуто за „Лице в лице“.

Ленче Ристоска: Неказнивоста ја нормализира неправдата

Опфативме и лица кои претходно биле на функција и кои ги увиделе недоследностите и реагирале. Разговаравме со поранешна инспекторка и директорка на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска. Дознавме за предизвиците на инспекторите, нивната одговорност и притисоците.

– Корупцијата е како рак што го разјадува општеството. Кога инспекторите прифаќаат компромиси било од незнаење, било од притисок или мито, загадувањето станува „нормално“. Тогаш не се оди навремено на терен за да се земат мостри токму кога загадувањето на реката е најголемо, или воопшто не се земаат мостри, а јавноста се замајува со пораки дека „нема хемиско загадување“ – посочува Петровска.

Ана Петровска: Кога инспекторите прават компромиси, загадувањето станува „нормално“
Ana Petrovska Intervju - politicki integritet -Korupcija zagaduvanje

Нашите две анализи, во детали го објаснуваат ефектот од недостатокот на политички интегритет, кој е клучен за тоа како се носат одлуките што влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните – од економијата, преку правосудството, до заштитата на животната средина.
Објавивме анализа „Еколошката правда сè уште недостижна: Корупцијата екстремно ни го дозагади воздухот!“ која е достапна за читање овде

Еколошката правда сè уште недостижна: Корупцијата екстремно ни го дозагади воздухот!

Во нова анализа, го отворивме прашањето кое ја обединува темата за еколошкиот отпад и политичкиот интегритет: како државата управува со увозот на отпад и дали системот е способен да ги заштити граѓаните кога легалниот процес, изгледа безбеден „на хартија“, но во реалноста, останува ранлив на влијанија и злоупотреби.

Дали освен сопственото, нè труе и странско ѓубре?

Интервјуата, опфатија и ставови од експерти. Професор Ненад Марковиќ ни посочи дека државата не може да ја реши корупцијата додека самата ја генерира.

Објавивме и интервју со Марјан Калевски, член на Советот на Град Скопје од „Зелен хуман град“ (ЗХГ), кој низ своето делување во советот и активизмот во граѓанските иницијативи, дава конкретни примери како се гради хуман град, во кој законите важат за сите, јавниот интерес е приоритет, а одлуките се носат со вистинско учество на граѓаните.

– Иницијативите поднесени од граѓани имаат влијание врз одлуките на локалната власт, но интензитетот на тоа влијание зависи од многу фактори, најмногу од тоа дали има советници како што сме ние од „Зелен хуман град“ во локалните самоуправи – посочува Калевски.

Кој и како го загадува Скопје стана деловна тајна
Marjan Kalevski Zelen Human Grad - zagaduvanje politicki integritet

Со Марија Мирчевска, раководителка на Центарот за добро владеење при Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (IDSCS) зборувавме за поимот политички интегритет, системските ризици во носењето одлуки, институционалните слабости во транспарентноста и надзорот, како и за тоа зошто корупцијата најсилно ги погодува жените, младите и маргинализираните групи. 

Мaрија Мирчевска од Институтот за демократија Социетас Цивилис зборува за политички интегритет и корупција

– Антикорупциската политика бара познавање на голем број закони, политики и институции. Граѓанските организации често го носат товарот да ги следат измените и примената на законите и навремено да реагираат кога тие не се во јавен интерес – посочува Мирчевска

Корупцијата не е апстрактна: како институционалните пропусти го загрозуваат животот на граѓаните

Напишете коментар