Доза вести, ЗЕНици

Дали ви треба „Враќање кон себе“?

Создадовме социјален модел „GET-to-GIVE”, преку кој жените кои можат да платат за нашите услуги и да враќаат на заедницата. На овој начин можеме да зајакнеме повеќе млади жени кои имаат потреба од вработување, тренинг, терапија за ментално здравје, а не можат да си го дозволат тоа, велат организаторките од „GRIT“

Совршено мето за пријателство со природата, релаксација, но и работа на себе преку јога, танц, медитација, уметност и друго, нуди викенд програмата „Враќање кон себе“ која ќе се одржи од 31-ви март до 2-ри април годинава во вила Ана Марија, с. Дурачка Река (Крива Паланка). Овој холистички викенд е идеја на „GRIT“ од Пробиштип, организација која ја формирале и ја водат млади жени.

Истражувањата велат дека жените чувствуваат временски притисок, а недостатокот на слободно време многу негативно влијае на нивната благосостојба и енергија. Тие обично носат непропорционален товар на работа, а голем дел од тоа е грижа и за семејството и роднините.  Затоа ние нудиме простор за „полнење на батериите“ преку оваа викенд програма – велат од „GRIT“.

 Со овие активности, тие го развиваат нивното социјално претпријатие, преку проектот „GRIT Wellness Corner”, поддржан од Националниот младински совет на Македонија, преку кој, споделуваат дека веќе вработиле еден млад човек во организацијата и ангажирале 6 волонтери кои се стекнуваат со работни вештини.

Создадовме социјален модел „GET-to-GIVE”, преку кој жените кои можат да платат за нашите услуги и да враќаат на заедницата. На овој начин можеме да зајакнеме повеќе млади жени кои имаат потреба од вработување, тренинг, терапија за ментално здравје, а не можат да си го дозволат тоа – велат од „GRIT“.

На овој линк е програмата, а на овој линк се повеќе информации за лицата кои ќе ги водат работилниците.

– Имаме понуда „1 + 1 Земи пријателка, мајка или некоја друга жена со тебе” – за 9000 денари, додека за едно лице пакетот е 5000 денари. Сите заинтересирани можат да се пријават на следниов линк – повикуваат „GRIT“.

За дополнителни инфомации, тимот е достапен на 070 911 366 на Viber или WhatsApp.

Напишете коментар