Ре­ги­о­нов ги доби првите 10 ментори за социјална интеграција (социјални ментори), откако по­ми­наа повеќемесечна програма, која дава значителен придонес кон создавање поинклузивен пазар на трудот. Две од 10-те социјални ментори работат со продавачи на „Лице в лице“. Кико, Валентин, Рамајана, Самир и Алмир се пет продавачи на „Лице в лице“ кои добиваат поддршка, мотивација, зајакнување на нивните капацитети, насочување кон соодветен развој и кон соодветна интеграција на пазарот на труд. Со нив работат две социјални менторки од „Паблик“ – Ема Тодоровска и Магдалена Чадиноска Кузманоски.
- Улогата на социјалниот ментор е да биде како птица. Таа може да зумира и да одзумира. Таа е врската меѓу небото - можностите и земјата -  реалните животни ситуации - вели Тодоровска, која изминатиов период интензивно работи со продавачите на „Лице в лице“.
Чадиноска Кузманоски се надоврзува дека социјалното менторство носи знаења, кои тие како социјални ментори ги прилагодуваваат на потребите на менторираните лица, со цел да осигураат прогресивен развој кај нив, кој подоцна би резултирал со вработување:
- Низ целиот процес ги препознаваме нивните таленти, работиме на подобрување на нивните вештини и заеднички создаваме креативен импулс, кој ке ги охрабри полесно да се вклучат во работни активности, а со тоа и да се влијае на нивната инклузија.


Главна задача на социјалните ментори е насочување на тешковработливи лица и нивна подготовка при влезот на пазарот на труд. Социјалниот ментор се фокусира кон по­тен­ци­ја­ли­те за вработување на лицето и неговата работна интеграција на отворениот пазар на труд или на посредниот пазар на труд (работното подготвување во социјални претпријатија).
Купувајќи и вложувајќи во „Лице в лице“
 
придонесувате и кон одржливост на фондот на оваа програма кој е наменет кон социјалното менторство.


Чадиноска Кузманоски и Тодоровска се дел од пр­ва­та генерација социјални ментори во земјава, Косово, Албанија, Србија и во Босна и Хер­це­го­ви­на, која беше обучена од страна на Асоцијацијата за истражување, комуникации и за развој  „Паб­лик“. Работат според верификувана програма оформена во согласност со потребите на гру­пи­те што тешко можат да се вработат во земјава и во регионот, со поддршка на Германското друш­тво за интернационална соработка (ГИЗ).
Едукативната програма и методологијата за со­ци­јал­но менторство произлезе од потребата за изработка на оперативен протокол за активација, мо­ти­ви­ра­ње и за задржување на работа на овие лица на отворениот пазар за труд.
Со­ци­јал­ни­те ментори со засилени професионални капацитети се веќе активни на терен во рамки на своите матични организации, а на Форумот на добри компании, кој се одржа на 15 и на 16 април преку интернет, новоздобиеното знаење и пристап го опишаа како голема промена во на­чи­нот на работа со ранливи луѓе.
– Тоа што ми недостигаше во мојата работа, сега го имам. Имам алатки и имам структуриран при­стап  со чијашто помош знам дека значително ќе го подобрам влегувањето и останувањето на па­за­рот на труд на ли­ца­та што тешко можат да се вработат.  Ова за мене беше едно од најзначајните про­фе­си­о­нал­ни искуства, добив многу преку програмата за социјалното менторство - об­јас­ни Јелена Станковиќ од Србија, една од десетте социјални менторки, кои изминатиов период се обу­чу­ваа за обезбедување на оваа услуга.
Со­ци­јал­на­та менторка Арлинда Заими од Косово, пак, нагласи дека тие се агенти на промената:
– Сил­но верувам дека пристапот на социјалното менторство ќе биде начин да се направи мост ме­ѓу програмите за социјална инклузија и вработувањето, како и меѓу центрите за социјална работа и  агенциите за вработување.

Следете нè на социјалните мрежи за повеќе информации на темата:
Facebook 
Instagram
Twitter
Linkedin