Доза вести

Фестивалот „Литера“ ќе откупи дела на илустратори што ќе учествуваат на конкурсот „Свет со љубов“

Откуп на професионални илустрации ќе врши Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ во рамките на конкурсот за авторски илустрации на тема „Свет со љубов“. Конкурсот се организира во рамките на 5. издание на фестивалот „Литера“ што ќе се одржи од 23 до 27 мај во Музејот на современата уметност во Скопје.

Конкурсот е наменет за професионални илустратори, а во рамките на темата „Свет со љубов“ треба да бидат изработени илустрации за деца. Сите заинтересирани илустратори може да се пријават со не помалку од 2, а не повеќе од 5 авторски дела. Конкурсот е отворен до 30 април.

Од пријавените уметници ќе бидат избрани 5 илустратори, а од секој од петтемина фесивалот „Литера“ ќе откупи најмалку по едно дело. Нивните илустрации ќе бидат дел од овогодишната изложба на „Литера“ во МСУ на која ќе учествуваат реномирани илустратори од регионот.

Изложбата во oктомври ќе биде поставена и во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб.

Сите заинтересирани автори своите дела со куса биографија (на една страница) да ги пријават на имејл адресата: [email protected] со назнака: За конкурсот на „Литера“. Селекцијата ќе ја прави комисија, а победниците ќе бидат соопштени најдоцна до 10 мај.

Напишете коментар