Доза вести

Филмот како повод за разговор: младински проекции и дебати

Во рамки на проектот „Филмски дијалози на младите – BFF Македонија“, оваа недела ќе се одржат децентрализирани филмски проекции и јавни дебати во три градови низ државата – Охрид, Ресен и Битола. Целта на иницијативата е да се збогати културната понуда и да се поттикне критичкото размислување кај младите преку филмската уметност.

Настаните се организираат во средини каде што културната понуда е ограничена, со што се овозможува пристап до квалитетна филмска содржина и се создава отворен простор за разговор, анализа и размена на ставови меѓу младите.

Распоред на проекциите:

  • Охрид – 3 февруари, Младински центар Охрид, од 13 часот
  • Ресен – 4 и 5 февруари, СОУ „Цар Самоил“ Ресен, од 13 часот
  • Битола – 6 и 7 февруари, Центар за култура Битола, од 12 часот

Во рамки на програмата ќе биде прикажан краток филм со времетраење од 20 минути.

По секоја проекција ќе следи јавна дискусија со учесниците, посветена на тематиките на филмот, ликовите, наративниот пристап и поширокото значење на филмската уметност. Разговорите имаат за цел да поттикнат активно гледање, интерпретација и развој на критичката мисла кај младите. Настаните се отворени за млади учесници, љубители на филм и пошироката јавност.

Почетна илустрација: Freepik
Тематски илустрации: Beach Film Festival

Напишете коментар