ГАЛЕРИЈА: Чучер Сандево – место каде животот има зелена боја
Чучер Сандево, општина близу главниот град Скопје, е пример за место каде жителите си го сакаат своето живеалиште.
Тука се одржуваат најдобрите натпревари во фудбал, особено во село Мирковци. Пред дваесет години, секое парче празна земја во Чучер Сандево беше дом на најдобриот арпаџик. Младите не сакаат да заминат од тука, каде воздухот е чист, каде има градинки и училишта, и каде луѓето се топли и гостопримливи. Во една од црквите се чува наследството кое печалбарите од Чучер Сандево го донеле од Америка, а оваа приказна со гордост ја раскажува Трајче Путиќ.
Очекувајте го наскоро и неговото искрено раскажување за „Лице в лице“.
До тогаш, вашите искуства, планови и очекувања од животот на село може да помогнат да се направат руралните средини попривлечни и одржливи за сегашните и идните жители.
Заинтересираните за оваа тема, може да пополнат и прашалник на линкот.