Актуелно, Лице в лице интервју

Хормоналниот дисбаланс кај жените: Патот низ перименопауза, менопауза и постменопауза

Време на читање: 3 минути

Авторки: Емина Токовиќ и Стефанија Арсова


-Секогаш препорачувам да се мери притисок после четириесетата година – вели д-р Весна Маркова, гинеколог

Хормоналниот дисбаланс е чест и природен дел од животот на секоја жена која се приближува или поминува низ менопаузата. Сепак, овој процес често е проследен со физички, емоционални и ментални предизвици кои можат значително да го нарушат квалитетот на животот.

Перименопаузата, која обично започнува неколку години пред менопаузата, се карактеризира со флуктуации во нивото на естроген и прогестерон. Најчестите симптоми вклучуваат нередовен менструален циклус, жешки бранови и ноќно потење, замор и намалена енергија, промени во расположението како раздразливост или депресија, сува кожа и коса, намален сексуален нагон.

Менопаузата се дефинира како период од 12 последователни месеци без менструација и обично се јавува околу 50-тата година. Симптомите се слични на оние во перименопаузата, но можат да бидат поинтензивни: интензивни жешки бранови, намалена концентрација и когнитивни проблеми („ментална магла“), сува вагина и болка при сексуален однос, зголемен ризик од остеопороза и губење на коскена густина.

Во постменопаузата, симптомите се намалуваат, но продолжува ризикот од хронични заболувања: намалување на густината на коските (остеопороза), кардиоваскуларни проблеми (хипертензија, срцеви заболувања), зголемување на телесната тежина и промени во метаболизмот. 

За да добиеме повеќе информации на оваа тема, се обративме кај гинеколог и ѝ поставивме неколку прашања.

– Секогаш препорачувам да се мери притисок после 40-та година – вели д-р Весна Маркова, гинеколог. 


1.Какви се најчестите симптоми на хормонален дисбаланс во перименопауза, менопауза и постменопауза?

Варијациите во притисокот се еден од најчестите симптоми во перименопаузатаа. Се зголемува или се изедначува. Кога ќе дојде крварење ќе се повлечат ваквите симптоми. Затоа, секогаш препорачувам на жени кои имаат над 40 години да мерат притисок. Кај тие што го чувствуваат покачениот притисок е добро. Лошо е кај оние кај кои што ќе се качи и на 200, а не чувствуваат ништо. Потребно е често мерење и запишување на вредностите.

Постои и ризик од остеопороза. За ова, првиот знак е болка во коски и мускули. Јас давам совет за магнезиум пред спиење и да се провери витамин Д и декса скен, да не има потреба од дополнителни лекови.
Гинеколошките хормони се чувствителни,  3-4-5 ден од циклус, или било кое време, ако нема циклус над месец дена, без претходно да се даваат хормони. Преодот од перименопауза до менопауза може да трае и година дена може и до пет години да варираат менструалните циклуси.

2. Како хормоналниот дисбаланс влијае на емоционалното и менталното здравје?

Од емоционален проблем се јавуваат несоници, зголемено потење, особено навечер пред спиење. Жените имаат лесна раздразливост, па имаме нагло плачење или пак смеење.

3. Кои се најдобрите методи за управување со хормоналниот дисбаланс во менопауза и постменопауза, како што се хормонска терапија или природни лекови?

Маката и црвената детелина, како препарати се фитоестрогени. Ако нема некоја промена на хормоните, или ако не се јавува обилно крварање, не се препорачува да се земаат дополнителни препарати за да стимулираат хормони. Доколку има потреба од хормонална терапија, потребно е прво да се проверат фактори на хемостаза и д-димери (да се исклучи ризик од тромбоза), да се проверат ензимите на црниот дроб оти преку истите се лачат самите лекови. При долгорочна потреба од хормонска терапија пак, потребна е проверка на шест месеци – да се прават лабораториски параметри и ехо на гради, самите лекови да не изреагираат на тој дел.

4. Како хормоналниот дисбаланс влијае на физичките промени во телото, како што се губење на коскената густина, кардиоваскуларни проблеми или промени во тежината, и што може да се направи за да се намали ризикот од овие проблеми?

Губење на коскената густина е познато како остеопороза. Недостатокот на естроген го зголемува ризикот од остеопороза.
Превенција е зголемен внес на калциум и витамин Д, редовно вежбање со отпор. Хормоналните промени можат да доведат до зголемен крвен притисок, зголемување на нивото на лош холестерол.
Совет е редовни кардиолошки прегледи и здрава исхрана, како клучни за намалување на ризикот.

5. Кога е потребно жените да се консултираат со гинеколог во врска со симптомите на менопауза и перименопауза? Кои тестови или прегледи би требало да ги направат за да се утврди нивниот хормонален статус?

Менопауза е кога во период од една година нема менструален циклус. Инаку, може да нема некој период, па да се јави на 3 месеци на 10 месеци… Инаку за тој дел жените доаѓаат веднаш. После тоа откако ќе влезат во менопауза, тогаш не доаѓаат и сметаат дека маките им завршиле. Но напротив, тогаш ризикот за проблеми се зголемува, не се намалува. Перименопаузата, менопаузата и постменопаузата се природни фази во животот на жената, но можат да донесат сериозни физички и ментални предизвици.




Прочитајте и за други теми

Напишете коментар