Доза вести

Јавен конкурс за млади луѓе на тема „Безбедност, солидарност и соработка“

Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во соработка со Агенцијата за млади и спорт и Националниот младински совет, распиша конкурс на тема од областа на безбедноста, солидарноста и соработката за млади од 15 до 29 години.

Преку видео содржина (YouTube видео, TikTok, Reels, Podcasts…), креативна графичка содржина (дизајн, стрип, илустрација…), фотографија, сликарство, цртање или есеј, младите на креативен начин треба да одговорат на прашањето „Што значи безбедноста, солидарноста и соработката за вас?“.

Повикот за аплицирање е отворен за сите млади луѓе на возраст од 15 до 29 години, граѓани на Република Северна Македонија од 12 октомври до 15 ноември 2022 година.

Комисија составена од претставници на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Агенцијата за млади и спорт и Националниот младински совет ќе ги оценуваат поднесените содржини и ќе ги награди трите најдобри содржини со следните награди: прво место – Активна камера Go Pro Hero 9 Action Camera, второ место – Паметен часовник Гармин Vivoactive 4 и трето место – Слушалки JBL Bluetooth Earbuds.

Напишете коментар