Доза вести

„Јас сум твој човек“ за старт на Денови на германскиот филм

Со проекција на филмот „Јас сум твојот човек“, добитник на Германската филмска награда за 2021 година, в сабота (15 октомври) од 20 часот во Кинотеката ќе биде отворен годинашниот фестивал Денови на германскиот филм.

Фестивалот го организира Амбасадата на Германија во земјава, во соработка со Кинотеката, Балканскиот центар за соработка „Лоја“ во Тетово и Куќата на Европа во Струмица и Крива Паланка.

Во наредните денови по отворањето, 16, 17 и 18 октомври, на програмата се и филмовите: „Рабије Курназ против Џорџ В. Буш“, „Светот ќе биде поинаков“ и „A E И О У – Брзата азбука на љубовта“.

Деновите на германскиот филм задутревечер со поздравно обраќање ќе ги отвори амбасадорката на Германија Анке Холштајн. Покрај во Скопје, проекции ќе има и во Тетово, Кавадарци, Штип, Струмица, Крива Паланка, Куманово Кратово.

Филмовите се на германски јазик, со превод на македонски и на албански. Влезот за проекциите во Кинотеката е 100 денари, а бесплатен во другите градови.

Напишете коментар