Каква иднина им нудиме на младите и зошто да останат во земјава? Дијалог за можности и предизвици

Во Струмица, во просториите на Центарот за истражување и анализи „Новус“ се одржа инспиративниот настан „Млади и иднина“, организиран од „Лице в лице“. Главниот фокус беше на прашањата кои ги засегаат младите: вработувањето, образованието и нивната улога во создавањето посветло општество.
Настанот го отвори претседателот на „НОВУС“, Ѓорѓи Милушев, кој го истакна недостатокот на меки вештини како клучен предизвик за младите на пазарот на трудот.
– Иако денес младите имаат повеќе можности за вклучување, недостатокот на меки вештини е сериозна пречка. Дури 82% од младите не се доволно запознаени со нив, а токму тие се основата за успех во модерниот свет – рече Милушев.
Модераторките Александра Илоска и Маја Раванска од „Лице в лице“ повикаа на отворена дискусија, нагласувајќи дека трендот на иселување на младите е аларм кој бара итни решенија.
-Треба да изградиме општество кое ќе ги инспирира младите да останат тука, да ги искористат своите идеи и енергија за позитивни промени- истакна Раванска.
Младите активно учествуваа, споделувајќи искуства и идеи.
Младата претприемачка Никол Клесова раскажа како програмите на „НОВУС“ ѝ помогнале да започне сопствен бизнис, додека Полина Поповска, гимназијалка, укажа на недостатокот на специјализирани студиски програми во Македонија. Студентот Филип Тодоров изрази желба за стекнување меѓународно искуство, но потенцираше дека својата иднина ја гледа дома, вложувајќи се во локалната заедница.
Настанот заврши со неформално дружење и снимање кратки видеа, во кои младите ги пренесоа своите пораки и размислувања. Оваа средба не само што поттикна дијалог, туку и отвори нови перспективи за тоа како младите можат да станат двигатели на позитивни промени во општеството.
- Подкаст културата како одговор на медиумската криза: „Агеласт“ гостува во Скопје!
- Интервју со проф. д-р Кирил Барбареев: Иднината бара луѓе со способности и флексибилност на приспособување на времето!
- Пет дена перформанси, уметност, музика, спорт и гејминг што ја слават инклузијата во Скопје
- ФМУ и „Џез ФМ“ ја отвораат сцената за младиот џез – концерт и пренос во живо вечерва од Скопје
- Бесплатна обука и сертификација за жени во сајбер безбедност – апликациите се веќе отворени