Лице в лице, Магазин, Одговорна иднина

КАПИТАЛИЗАМ БАЗИРАН НА НАБЉУДУВАЊЕ

Ка­пи­та­лиз­мот, во сог­лас­ност со сво­јот кон­цепт, при­сво­ју­ва ра­бо­ти што не би­ле дел од по­стој­на­та па­зар­на ди­на­ми­ка и, отка­ко ќе ги прог­ла­си за свои, при­сво­е­ни­те „до­бра“ ги тре­ти­ра ка­ко сто­ка со ко­ја тр­гу­ва и од неа соз­да­ва вред­ност. Де­нес, но­ви­от наб­љу­ду­вач­ки ка­пи­та­ли­зам (surveillance capitalism) на па­за­рот ја вне­су­ва но­ва­та сто­ка, ко­ја нај­кра­тко би мо­же­ле да ја де­фи­ни­ра­ме ка­ко „лич­но чо­веч­ко искус­тво“

Не­бој­ша ИЛИЈЕВСКИ


До­де­ка кли­мат­ски­те про­ме­ни алар­ми­ра­ат де­ка ку­ќа­та ни е во пла­мен, ка­пи­та­лиз­мот ба­зи­ран на наб­љу­ду­ва­ње тре­ба да нѐ пре­ду­пре­ди де­ка и до­мот ни го­ри. Ако пла­не­та­та е на­ша­та ку­ќа, оп­штес­тво­то ни е дом – тоа што сме, од­но­си­те што ги гра­ди­ме, при­ја­те­ли­те, се­мејс­тво­то, искус­тва­та.

илустрација: Зоран Инадески

Ток­му овој ква­ли­тет, кој е ре­ла­тив­но не­за­бе­леж­лив во на­ша­та днев­на ди­на­ми­ка би­деј­ќи, на не­кој на­чин, се по­драз­би­ра и се слу­чу­ва па­ра­лел­но со „глав­ни­те ан­гаж­ма­ни“ што ги има­ме, про­фе­си­ја­та, ег­зи­стен­ци­ја­та, за­до­волс­тва­та, е опре­де­ле­на­та цел на па­зар­ни­от про­цес, кој ве­ќе вре­ди сто­ти­ци ми­ли­јар­ди до­ла­ри.
Ка­ко што рас­те ин­те­ре­сот за не­го, ток­му на­чи­нот на кој жи­ве­е­ме ед­ни со дру­ги (и со се­бе­си) ста­ну­ва за­гро­зен и тоа на крај­но бе­ниг­ен на­чин, по­ра­ди ра­бо­ти­те што, мо­же­би, про­пу­шта­ме да ги ви­ди­ме во на­ша­та актив­ност на ин­тер­нет, ко­ја се­га е ве­ќе се­којд­нев­на.

Под­го­тве­ни  сме, мо­же­би, да ка­же­ме: „Јас, всуш­ност, ги са­кам на­мен­ски­те рек­ла­ми. Ја са­кам удоб­но­ста ра­бо­ти­те да ми се на еден клик од тоа што го по­са­ку­вам. И за­тоа сум под­го­тве­на да тр­гу­вам. Да да­дам X дел од сво­ја­та при­ват­ност за Y вред­ност ме­ре­на во удоб­ност или за­до­волс­тво што ги до­би­вам за тоа ’не­бит­но‘ пар­че по­да­ток“.
Но ов­де про­пу­шта­ме да ви­ди­ме де­ка не сум јас тој што е за­гро­зен во овој на­чин на „тр­гу­ва­ње“. За­гро­зе­ни сме ние, ка­ко ко­ле­ктив, ка­ко оп­штес­тво, ка­ко чо­веш­тво.

Заб­лу­да­та за ре­сур­си­те – фун­да­мент на тра­ди­ци­о­нал­ни­от ка­пи­та­ли­зам

Ка­пи­та­лиз­мот е поз­нат по тоа што поч­ну­ва да цу­ти отка­ко ќе поч­не да при­сво­ју­ва ра­бо­ти што до­то­гаш не би­ле дел од по­стој­на­та па­зар­на ди­на­ми­ка и отка­ко ќе ги прог­ла­си за свои, ги пре­тво­ра во сто­ка со ко­ја тр­гу­ва и од неа соз­да­ва вред­ност. Ка­ко при­мер мо­же­ме да го зе­ме­ме поз­на­ти­от фе­но­мен на при­сво­ју­ва­ње на при­ро­да­та ка­ко сопс­твен ре­сурс што е пре­тво­рен во сто­ка од ко­ја ка­пи­та­ли­стот соз­да­ва вред­ност што ја но­си на па­за­рот и од неа пра­ви про­фит. Та­ка, ме­сто шу­ми и ли­ва­ди, се­га има­ме „нед­ви­жен имот“, кој мо­же­ме да го ку­пу­ва­ме и про­да­ва­ме. Ре­зул­тат на тој вид ка­пи­та­ли­зам, кој де­нес го ви­ка­ме тра­ди­ци­о­на­лен, е еко­ло­шка, со­ци­о­ло­шка и спи­ри­ту­ал­на ка­та­стро­фа, пред ко­ја сме ис­пра­ве­ни. За не­го уште  во 1948 го­ди­на пре­ду­пре­ду­ва­ше еко­но­ми­стот Карл По­ла­ниј, кој за­бе­ле­жи де­ка при­ро­да­та, чо­ве­кот (чо­ве­ко­ви­от труд) и па­ри­те тре­ба да се ко­ри­стат за да ги за­до­во­лат по­тре­би­те на чо­ве­кот, а не на из­бра­ни гру­пи по­е­дин­ци.

Што пра­ви ка­пи­та­лиз­мот ба­зи­ран на наб­љу­ду­ва­ње?

Де­нес поч­ну­ва да се на­ѕи­ра нов вид ка­пи­та­ли­зам. И тој про­на­шол не­што што е над­вор од па­зар­на­та ди­на­ми­ка и, се чи­ни, на­шол на­чин ка­ко да го вмет­не во неа и да го прог­ла­си за сво­ја но­ва „сто­ка“. Со­се­ма е ле­ги­тим­но пра­ша­ње­то ка­де има на­ме­ра да нѐ од­не­се ка­пи­та­лиз­мот што се на­ѕи­ра. Не­го­ви­от дух е втка­ен во на­ше­то се­којд­не­вие. Ако е те­ле­фо­нот пос­лед­но­то не­што што го иск­лу­чу­ва­ме на­ве­чер и пр­во­то не­што што нѐ бу­ди на­у­тро, ве­ро­јат­но мо­же­ме да сме­та­ме де­ка тој ве­ќе ни е и во со­ни­шта­та. Го­ле­ми­от брат што не­ма на­ме­ра да нѐ оста­ви на мир.
Сто­ка­та што е на па­зар де­нес е „лич­но­то искус­тво на чо­ве­кот“. Ток­му на­ше­то искус­тво, на­ши­те по­да­то­ци што ги откри­ва­ат на­ши­те на­ви­ки се но­ва­та су­ро­ви­на што е из­не­се­на на еко­ном­ски­от па­зар.

Што пра­ви ка­пи­та­лиз­мот ба­зи­ран на наб­љу­ду­ва­ње?
Ги зе­ма на­ши­те по­да­то­ци без да му би­де да­де­на доз­во­ла за тоа и ги из­не­су­ва на па­за­рот, од­нос­но му ги про­да­ва на не­кој што са­ка да ги ку­пи би­деј­ќи од тоа ќе на­пра­ви про­фит. Ве­ли­ме без доз­во­ла би­деј­ќи по­ве­ќе­то лу­ѓе, на­ви­сти­на, не се свес­ни де­ка се слу­чу­ва тоа и то­гаш не по­стои ди­ле­ма да­ли во не­кој мо­мент е да­де­на сог­лас­ност за по­да­то­ци­те да се ко­ри­стат за та­кви це­ли.

Со­бра­ни­те искус­тва од на­ше­то од­не­су­ва­ње на ин­тер­нет и над­вор од не­го (он­лајн и оф­лајн) но­ви­те ка­пи­та­ли­сти ги пре­тво­ра­ат во по­да­то­ци. Вџа­шу­вач­ки е ка­ко од овој до­бро ор­га­ни­зи­ран и те­мел­но ана­ли­зи­ран ре­сурс (по­да­то­ци) мо­же да се до­бие друг вид по­да­то­ци ор­га­ни­зи­ра­ни на на­чин што е ви­со­ко вред­ну­ван на па­за­рот по­ра­ди „сиг­на­ли­те“ за на­ше­то по­тен­ци­јал­но ид­но мож­но од­не­су­ва­ње што се со­др­жа­ни во не­го.

Раз­мис­ле­те пред да стис­не­те „се сог­ла­су­вам“!

Илустрација: Зоран Инадески

Во 2002 го­ди­на „Гугл“ овие по­да­то­ци ги ви­кал из­дув­ни, од­нос­но во тој мо­мент не по­сто­е­ла вред­ност зад нив. Би­деј­ќи ни­кој не мо­жел да ја ви­ди нив­на­та вред­ност, пр­ви­те што ус­пе­а­ле да го на­пра­ват тоа, го иско­ри­сти­ле мо­мен­тот.
Тоа што се слу­чи е не­што­то што го ви­дов­ме и со при­сво­ју­ва­ње на зем­ја­та и на дру­ги­те ре­сур­си. „Гугл“ и дру­ги­те ги­ган­ти ка­ко „Фесј­бук“, „Ама­зон“, „Мај­кро­софт“, по­втор­но, ка­ко не­ко­гаш со зем­ја­та, на­пра­ви­ја дек­ла­ра­ци­ја со ко­ја ве­лат:
„Ва­ши­те лич­ни ин­фор­ма­ции се не­што што мо­же­ме да го зе­ме­ме и да го ко­ри­сти­ме. Тие се бесп­лат­ни, су­ро­ви ма­те­ри­ја­ли. Би­деј­ќи се се­га во на­ша­ сопс­тве­ност, мо­же­ме да ­пра­ви­ме што са­ка­ме со нив. По­да­то­ци­те, пре­ку ни­за прес­ме­тки и ана­ли­зи, ги пре­тво­ра­ме во ус­лу­ги и во про­ду­кти, кои по­тоа ги про­да­ва­ме. Про­ду­кти­те ги но­си­ме на па­за­рот и од нив соз­да­ва­ме при­ход и, се­ка­ко, про­фит“.
Де­нес овие по­да­то­ци вре­дат мно­гу. Тие се пра­ќа­ат во „но­ви фа­бри­ки“ во кои ра­бо­тат соф­твер­ски ро­бо­ти (бо­то­ви), од­нос­но ал­го­рит­ми, нај­че­сто на ве­штач­ка­та ин­те­ли­ген­ци­ја, ко­ја ги сор­ти­ра, пра­ви смис­ла од нив и ги по­дре­ду­ва во по­да­то­ци што има­ат ви­сок ко­е­фи­ци­ент на пред­вид­ли­вост на од­не­су­ва­ња­та на тие на кои тие се од­не­су­ва­ат.
За нив по­стои ви­сок ин­те­рес кај де­лов­ни­те ен­ти­те­ти, прет­при­ја­ти­ја­та што са­ка­ат да ги зна­ат на­ши­те пла­но­ви за во бли­ска­та или по­да­леч­на­та ид­ни­на.

Овој вид ре­сурс се ко­ри­сти во си­те ин­ду­стрии, во ви­со­ка­та тех­но­ло­ги­ја, здрав­ство­то, нед­виж­ни­от имот, оси­гу­ру­ва­ње­то, обра­зо­ва­ни­е­то, тр­го­ви­ја­та и та­ка на­та­му. Пра­ктич­но, во си­те уре­ди што поч­ну­ва­ат со за­бе­ле­шка­та „па­мет­ни“ и во си­те ус­лу­ги со за­бе­ле­шка­та „лич­ни“ (пер­со­на­ли­зи­ра­ни).
Би­деј­ќи низ пла­тфор­ми­те што ни ги ну­дат, ние со ед­но при­ти­ска­ње на „се сог­ла­су­вам“ им овоз­мо­жу­ва­ме да ги до­би­јат по­да­то­ци­те за на­ше­то од­не­су­ва­ње и од нив да на­пра­ват биз­нис што вре­ди ми­ли­јар­ди до­ла­ри.
Це­ли­от овој син­џир на но­ви­от ка­пи­та­ли­зам ба­зи­ран на наб­љу­ду­ва­ње се пот­пи­ра врз на­ши­те по­да­то­ци, кои се пре­тво­ре­ни во ин­фор­ма­ции за од­не­су­ва­ња­та што се на­ши, но не се за нас би­деј­ќи ги ко­ри­сти не­кој друг. А ги ко­ри­сти би­деј­ќи… мо­же.

(Авторот е дел од тимот на „Холистик комуникации“)

Напишете коментар