Континуитет на родово-базираното насилство. Од реалноста до дигиталниот свет
Родовo-базираното насилство не познава граници – исто како што постои во реалниот свет, така се пресликува и во дигиталниот. Патријархалните норми, воспитувањето уште од најрана возраст и често игнорирањето или дури и романтизирањето на насилството создаваат средина каде особено девојчињата не секогаш го препознаваат дигиталното насилство како форма на реална закана. Тоа влијае и на нивната подготвеност да пријават, што дополнително ги охрабрува насилниците да продолжат.
Иако младите генерации сè повеќе развиваат чувствителност и препознаваат родовo-базирано насилство во дигиталниот свет, постарите генерации често го продолжуваат истиот модел на однесување од офлајн во онлајн просторот.

Следува повеќе од нашата соработка со мрежата „Стела“ и истражувачката Љупка Трајановска, каде ќе ги разработиме клучните наоди и решенија за оваа сериозна општествена тема.

Содржината е креирана во рамки на проектот „Reporting Digital Rights and Freedoms“ кој се спроведува со финансиска поддршка на Европската унија.
Изнесената содржина е одговорност на „Паблик“ и на „Лице в лице“ и не мора да ги одразува ставовите на ЕУ.
- Заштитено: Иштван Фаркаш, продавач на „Лицеулице“ во Нови Сад: „Солидарноста не е милостина“
- Луѓе кои ја движат промената: инспиративни пристапни приказни за трансформација и зајакнување
- Отворен повик за млади фотографи: „Сликите на вкусот“ ги обединува креативците од Балканот
- Инклузивна изложба на графики по повод Меѓународниот ден за подигање на свеста за лицата со аутизам
- „Саранда“ во Жеровјане, место каде различностите се мешаат, токму како и вкусовите на сладоледот