Доза вести, ЗЕНици, Лице в лице

„Лице в лице“ бара млади волонтери

Време на читање: 2 минути
- банер -

Дали си енергична личност која ужива во работа со луѓе?
Дали сакаш да даваш придонес во заедницата?
Знаеш да правиш рилови и сториња на социјалните мрежи и да креираш содржини кои инспирираат?
Ги реализираш и најлудите идеи и имаш „драјв“ за општествена промена кон одржлив развој?

Тогаш, овој оглас е за тебе!

Платформата за одржлив развој „Лице в лице“ е со нова цел пред себе! Сакаме да вклучиме млада публика и нови млади лица (од 16 до 29 годишна возраст) во нашето работење. За да го оствариме ова, потребна/потребен си ни ТИ!
Ќе те вклучиме во работата на „Лице в лице“, кое функционира 10 години, а во новата декада, сакаме токму ти да учествуваш во:

  • креирање содржини за социјални мрежи и веб, скроени според интересите на младите луѓе;
  • ревидирање на содржините и комуникациите со цел истите да се поатрактивни за нова публика, млади;
  • креирање интерактивни содржини;
  • поддршка на тимот во креирање и/или учество во совет на млади – Лицевлице ЗЕНици.

Позицијата се однесува на волонтерски ангажман, во времетраење од 5 месеци. Предвиден е надомест во согласност со Законот за волонтерство.

Што ќе добиеш:

  • Професионален развој и личен развој преку  „Лице в лице“, која развива нови производи, услуги и дигитална платформа додека работно интегрира ранливи сограѓани;
  • Пријатна и поддржувачка работна атмосфера која мотивира.
  • Поддршка од искусен тим професионалци од различни области – комуникации, новинарство, медиумска писменост, социјална економија, инклузија, истражувања, нови медиуми, дигитален маркетинг;
  • Можност да си гласот на твојата генерација.

Сите заинтересирани кандидат(к)и  треба да испратат:

- банер -

–  куса биографија
– мотивациско писмо (до 300 збора), или куса видео порака на која ќе одговориш на следниве прашања:

Зошто сакам да се вклучам платформата за одржлив развој  „Лице в лице“?
За 50 години кога ќе се свртам зад себе, што сакам да видам зад себе, што сум постигнал/а во животот?

– ако си малолетен/малолетна, заедно со апликацијата, ќе треба да вклучиш и согласност од родител/старател

Апликациите ги очекуваме до 16.11.2022 до крајот на денот.
Ќе ги контактираме само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор.

За сите дополнителни прашања, обратете се на мејлот
[email protected]
Повеќе за „Лице в лице“ може да дознаете на
https://lvl.vebstrana.com/

Те очекуваме!

Волонтерите ќе бидат ангажирани за активностите кои ги реализираме во рамките на „Лице в лице“ ЗЕНици: зајакнуваме ранливи, градиме претприемачи“, кој е подгрант на проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување′′ поддржан од Европската Унија, кој го спроведува Националниот младински совет на Македонија.

Фотографија: Фрипик




Напишете коментар