„Лице в лице“ број 52: Моќна жена – подобар свет! И еднакви можности за сите
Овој број на уличното списание за одржлив развој е посветен на темата родова рамноправност.
Ставаме акцент на економското зајакнување на жените, на предизвиците при решавањето на родово базираното и семејното насилство, на можностите кои ги носи социјалното менторство за жени кои преживеале насилство, како и за теми кои нè носат кон поеднаков и поправеден свет.
Содржините од ова издание ги објавуваме и на нашиот сајт и се достапни на овој линк.
Електронска или печатена верзија на списанието може да купите на овој линк
Изданието е заокружување на кампањата која „Лице в лице“ ја спроведуваше од почетокот на меѓународната кампања „16 Дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“ .
Повеќе за кампањата на овој линк
Ова издание на „Лице в лице“, е креирано во рамките на проектот „Можности за економска реинтеграција преку социјално менторство за жени жртви на насилство“, што го спроведува „Паблик“, во партнерство со UN Women Скопје, преку Регионалната програма на UN Women „Спречување насилството врз жените и девојките во западен Балкан и Турција: Имплементирање на норми – промена на ставови“, која е финансирана од Европската Унија.