People of Change, Интерактивни приказни

Луѓе кои ја движат промената: инспиративни пристапни приказни за трансформација и зајакнување

People Of Change Banner - насловна фотографија за серијалот на „Лице в лице“ за луѓе кои движат промена

Новиот серијал на „Лице в лице“ e за луѓе кои ја движат промената со храброст, одлучност и истрајност. Раскажани низ пристапни видеа и мултимедијални содржини, приказните имаат и пристапен предзнак, како наша заложба за поинклузивно и поетичко раскажување важни приказни


Илустрации: Ружица Мандичевска
Анимации: Андријана Весовска
Фотографии: Ирина Крстевска

Промената најчесто започнува тивко. Со одлука, со отпор, со мал чекор напред.
Кога таа приказна ќе се сподели, ќе се раскаже, може да стане сила што инспирира и други, особено, кога зборуваме за промени кои ги прават луѓе кои имале големи предизвици во животот. Тогаш, градиме концентрични кругови на позитивна промена.

Вистинската промена започнува кога слушаш од позиција од каде ја гледаш иднината

Кога раскажуваме приказни, создаваме нова свесност за разбирање и трансформација. Според пристапот на (нашиот омилен професор на МИТ во Бостон, создавач на методолошката рамка „Теорија У“), Ото Шармер, вистинската промена започнува кога „слушаме од местото од кое се појавува иднината“. Таа позиција значи да сме отворени да ги видиме луѓето и нивните искуства без предрасуди и без предубедувања.

Фотографија од снимање на една од епизодите на серијалот

Кога раскажуваме приказни, создаваме простор за разбирање и трансформација

Верувам дека во овој процес, раскажувањето станува и форма на „колективно заздравување“. Тука се отвора тој простор каде што, освен што ги валидираме туѓите искуства, придонесуваме гласовите на оние кои, често остануваат на страна од „рефлекторите“ на јавноста, да бидат слушнати и видени.

Промената се шири, не само кај тие што споделуваат своја приказна, туку и кај оние кои ја слушаат/гледаат/читаат.


Наместо вообичаениот пристап во кој луѓето што се соочиле со предизвици се прикажуваат низ призма на пасивни приматели на некаква помош, овие приказни тргнуваат од поинакво гледиште. Наместо од тоа колку „некој помогнал, а друг добил помош“, ја отвораат комплексноста на свесноста, личниот развој, изборите, личниот влог и одлучност што стои зад секоја промена.

Во овој контекст, правиме разлика помеѓу два пристапи.

Градењето пристап кој се темели на почит, еднаквост и соработка значи дека во фокусот не е на помошта како еднонасочен чин, туку на поддршката како процес што овозможува луѓето да ги развијат сопствените потенцијали, да носат одлуки и да ја преземат контролата врз сопствениот живот.

Ова е пристап на зајакнување каде не зборуваме за немоќ, туку за капацитет! Раскажуваме за можностите. За тоа како, нашите херојки и херои, добиле начини и алатки да можат да си помогнат себе си.
Но, уште поважно е што, тие „ги зграпчиле“ сите тие алатки и станале активни двигатели на позитивни промени – луѓе кои инспирираат, охрабруваат и отвораат нови перспективи.

Така, приказните раскажуваат за мали точки на промени во луѓе кои се соочиле со предизвици и системски бариери: од невидливост за институциите, бездомништво и социјална изолација, до ограничен пристап до можности. Но наместо да се предадат, тие се активни создавачи на својата иднина. Со упорност, креативност и одлучност, успеале да направат клучни промени во својот живот.
Преку нивните стории, нашата публика може да види дека и најсложените предизвици можат да се надминат, но, и дека секој човек има потенцијал да влијае позитивно врз својата заедница.

Овие приказни се за луѓе кои се соочиле со животни предизвици и системски бариери – од невидливост за институциите, до ограничен пристап до можности – но не се предале. Тие се активни создавачи на својата иднина, кои со упорност, креативност и поддршка од заедницата успеале да направат клучни промени во својот живот. Преку нивните стории, гледачите можат да видат дека и најсложените предизвици можат да се надминат, и дека секој човек има потенцијал да влијае позитивно врз својата заедница.

„Бомбардирани“ сме од различни содржини, па вистинскиот предизвик не е само да се создаде приказна, туку да се осигура дека таа е достапна за сите. Пристапноста не е некаков додаток, туку основа на квалитетна, одговорна и инклузивна комуникација. Затоа, „Лице в лице“, во рамки на проектот „People of Change – transformation, resilience, progress“, при развој на новите 10 мултимедијални стории, го продуцираше со пристапен предзнак. Со овој чекор, обезбедиваме еднаква можност за информирање, доживување и учество.


Пристапноста како одговорност, не како опција

Сите видеа во рамки на серијалот се развиени и испродуцирани од искусен тим составен од новинарки, уреднички, монтажери, камермани, аниматорки, фотографи, илустраторки, дизајнерки и во соработка со консултанти за пристапност од Асоцијација за пристапност и инклузија (АПИ). Со нивната експертиза, содржините се направени да бидат пристапни за различни групи корисници.

Исто така, содржините се базирани на EN 301 549, европскиот стандард за дигитална пристапност, и се усогласени со добрите практики за создавање пристапни мултимедијални содржини. Ова значи дека секоја приказна е разбирлива, едноставна но длабока, пристапна и употреблива на различни уреди и технологии.


Што значи пристапна приказна?

Пристапната мултимедијална содржина значи дека видеото има титлови за лица со оштетен слух, вграден е текстуален еквивалент за оние што не можат визуелно да го следат видеото, визуелните елементи се опишани за лица со оштетен вид. Понатаму, звукот е јасен и разбирлив, а употребен е фонт, проред и контраст на бои кои се лесно читливи за луѓе со потешкотии во читање и следење содржини.

Овие содржини се повеќе од технички стандард. Со оглед на тоа што пристапноста денес, освен законска, е и етичка обврска, произлегува од меѓународни рамки како: Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, европските стандарди за дигитална пристапност, регулативите за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Но над сè, пристапноста е прашање на еднаквост.

Приказните добиваат смисла кога се споделени

Целта на „People of Change“ не е само да раскаже инспиративни приказни, туку да ги направи видливи за сите. Сакаме да инспирираме свесност дека вистинската промена се случува тогаш кога некој ќе се препознае, некој ќе се охрабри, но и кога некој ќе поверува дека (сè) е можно! Со овој пристап, „Лице в лице“ поставува пример за тоа како изгледа одговорно и инклузивно новинарство што не остава никого надвор од разговорите.

„Innovation. Media. Minds: ЕУ поддршка на новинарството во јавните сервиси на Западен Балкан“, е проект финансиран од Европската унија што се спроведува од страна на „Goethe-Institut“,  во име на Европската комисија и во соработка со партнерот за спроведување „DW Akademie“. За содржината во овој текст исклучиво е одговорно Здружението „Паблик“ и не мора да го одразува мислењето на Европската унија.

Дисклејмер со логоа од серијалот на „Лице в лице“ за луѓе кои ја движат промената - People of Change: логоа на ЕУ, Гете Институт, ДВ АКадеми и Паблик.

Напишете коментар